Денес е светскиот ден на реките

- Advertisement -

Денес е Светскиот ден на реките и по тој повод ќе ви раскажеме една приказна како еден јогин од Индија спасува една од најголемите реки од исчезнување.

Реките во Индија, за разлика од нашите кои константно извираат, течат па се слеваат во некое море, се монсунски. Монсунските реки се формираат во периодите на монсуни (обилни дождови кои траат со месеци) кога се собира вода која тече некогаш и по цела година.

Со глобалното затоплување доаѓа до големо сушење во тие региони, водата не издржува преку целата година и доаѓа до уште поголема суша. Бидејќи во тие региони има густа населеност доаѓа до сериозен недостаток на вода.

- Advertisement -

Индискиот јоги Садгуру уште од мал минувал по неколку седмици во џунглите без да се врати дома, талкајќи и набљудувајќи ја природата. Поради тоа ја има развиено неговата перцепција интуитивно да знае како функционира природата. Па му било јасно и решението: со садење на дрвја покрај речното корито поголем дел од водата останува во почвата, а помалку се одлева во морињата.

Тоа што го прави ова решение генијално е тоа што истовремено е и економски план за подобрување на состојбата на многу луѓе. Повеќе од 10.000 фармери во Индија вршат самоубиство секоја година поради безизлезната економска состојба во која се наоѓаат. Планот е фармерите да ги садат дрвјата долж реките за комерцијални цели и со тоа да се осигура нивната долгорочна финансиска состојба. 

- Advertisement -

Решението иако му било јасно, било потребно да се спроведе во пракса. Така настанала кампањата Rally for Rivers.

Кампањата Rally for Rivers започнала пред три години за да се прикаже сериозноста за состојбата со реките и да се прикаже пошумувањето како адекватно решение.

- Advertisement -

Кампањата имала поддршка од 152 милиони луѓе, што ја прави најголемата еколошка иницијатива во историјата. Бројни организации меѓу кои и Обединетите нации како најважни, а после нив и владата на Индија таа идеја ја изгласаа како препорака за секоја регионална влада во Индија за справување со сушите.

Пред една година започна вториот дел од кампањата по име Cavery Calling. Ако првиот дел беше да се изгласа политиката за реките, вториот дел е да се спаси една од реките по име Кавери. Идејата е ако се прикаже во пракса дека ова е начинот да се спаси една река тогаш регионалните влади ќе го спроведат истото за сите други реки, а понатаму и другите тропски држави. Акцијата беше многу успешна и стана акредитирана од Обединетите Нации и доби поддршка од бројни познати личности меѓу кои и Леонардо Ди Каприо.

Rally for Rivers е дефинитивно најголемиот еколошки проект во светот и се надеваме дека со него цел свет ќе се разбуди пред фактот дека ја уништуваме нашата мајка планетата Земја, а можеме да ја чуваме.

Сподели!
- Advertisement -