ИТ-компании каде што се работи без стрес во 2025 година

- Advertisement -

Според листата Stress-Free Score на веб-страницата Indeed, најопуштената средина за работа ја нуди американската компанија Intuit, додека меѓу првите 5 се најдоа и Nvidia, IBM, Microsoft и Yahoo

Во технолошкиот сектор, каде што долгите работни часови и брзите промени се вообичаени, наодите ги истакнуваат компаниите кои создаваат помирни работни култури. Новата листа Stress-Free Score на една од најголемите и најпопуларните веб-страници за барање работа во светот, Indeed, рангира пет технолошки работодавци како најмалку стресни средини во 2025 година.

- Advertisement -

Еве ги најмалку стресните технолошки работни места:

  1. Intuit, американска софтверска компанија фокусирана на финансискиот сектор, таканаречената финтех, има највисока оценка без стрес – максимум пет ѕвездички.
  2. Следна е гигантот за бизнис софтвер IBM (International Business Machines), со три ѕвездички и надпросечна оценка.
  3. Nvidia, глобално чудо, најмоќната компанија во светот, која неодамна ја надмина пазарната капитализација од 5 трилиони долари, исто така е рангирана на исто ниво – три ѕвездички, над просекот.
  4. Следуваат уште две познати имиња. Yahoo има две ѕвездички и просечна оценка, исто како Microsoft.

Компанијата што навистина се издвојува тука е Nvidia, проценува Business Insider. Производителот на чипови се искачи на врвот на технолошката индустрија за само три години. Приходите експлодираа, а работната сила останува прилично мала. Со оглед на сето тоа, како Nvidia одржува работно место релативно без стрес? Еден можен одговор е дека компанијата ретко, ако воопшто, отпушта вработени, што значи дека работниот мандат е доста долг. Дури и во време на радикална трансформација на вештачката интелигенција, вработените во Nvidia веројатно ја ценат долгорочната стабилност.

- Advertisement -

(Kmatica)

(фото: Freerange Stock)

Сподели!
- Advertisement -