LinkedIn најави дека наскоро ќе ја стартува новата опција Salary Insights, која за сите отворени работни места кои се нудат преку мрежата на апликантите ќе им покажува која е приближната плата која можат да ја очекуваат пред да аплицираат. Слично на страницата Glassdoor, Salary Insights ќе нуди нуди детални податоци за нето платата, бонусите, надоместоците итн.
Тие податоци ќе ги добива или од работодавците кои го објавиле отвореното работно место или од LinkedIn членови кои работат на слични позиции или локации, чии идентитети ќе останат непознати. Salary Insights е следниот чекор откако социјалната мрежа ја лансираше опцијата LinkedIn Salary во 2016 година со детали за определено работно место. Новата опција ќе стартува во текот на наредните неколку недели.