Американскиот гигант за електрични возила Tesla го отвора својот прв оддел за истражување и развој во југоисточна Европа, кој ќе биде дел од Лефкипос технолошкиот парк кој се наоѓа во Демокритос – националниот центар за научни истражувања во Атина, Грција.
Како што пренесува Екатимерини, Tesla во Грција ќе започне да работи со мал тим од експерти кои ќе се фокусираат на развој на технологијата за електрични мотори.
Центарот објави соопштение оваа недела со кое ѝ посака добредојде на Tesla во Грција, искажувајќи „посебно задоволство поради фактот дека глобален гигант познат по иновациите го избра токму овој технолошки парк за да отвори уште една своја канцеларија за истражување и развој.“
Со соопштение се огласиле и од Tesla: „Во Грција постои огромен талент за електромоторно инженерство, а техничките универзитети нудат специјализирани програми кои произведуваат индивидуалци со изразени електротехнички вештини.“
Tesla, иако базирана примарно на американскиот и канадскиот пазар, изминатите години отвори канцеларии за развој и во Германија и во Велика Британија.