Новата линија облека на H&M ќе биде направена од најлонски отпад од океаните

- Advertisement -

H&M прави се за да го одржи ветувањето дека до 2040 година сета нивна облека ќе биде „зелена“. Новата колекција на компанијата се вика H&M Conscious Exclusive collection и е составена од парчиња облека направена од текстил исткаен од регенериран најлон од депонии и океани. Колекцијата е партнерство со модниот гигант и компанијата Aquafil, која е водечки производител на синтетичкиот материјал Nylon 6, кој се користи за правење облека и други предмети, пренесува Green Matters.

H&M неодамна се обврза на одржливост, а тоа резултираше со креирање на материјалот ECONYL, целосно направен од регенериран отпад. H&M го користи материјалот за да произведува висококвалитетни фустани од чипка, кои ќе се продаваат во целиот свет од 19 април 2018 година.

- Advertisement -

„Горди сме што годинаца во колекцијата Conscious Exclusive collection го користиме материјалот ECONYL Ние во H&M постојано бараме иновативни материјали кои ќе ни овозможат да правиме одржливи производи. Exclusive collection беше битен тест за нас и ни овозможува да ги испробаме најновите одржливи материјали на помала количина. Во повеќе наврати досега тие материјали сме ги инкорпорирале во колекциите“ велат од H&M.

Посветеноста на H&M на одржливоста е резултат на фактот дека после нафтената индустрија, втора индустрија која е најголем загадувач во светот е брзата мода. Ако се земат предвид пестицидите кои се користат за одгледување на памукот и токсичните бои при производството, како и големата количина природни ресурси кои се користат за екстрахирање, садење, одгледување, преработка и транспорт, брзата мода многу и наштетува на природата од секој аспект. Замислете, потребни се дури 2.640 литри вода за да се направи само една памучна маичка.

- Advertisement -

На полето на брзата мода нема позвучно име од H&M. Со години компанијата произведува евтина и тренди облека. Колку и да ја сакаат луѓето компанијата, многу голем дел од облеката завршува во отпад.Американците, на пример, годишно фрлаат дури 14 милиони тони облека, а 84% од нив завршуваат или на депонија или се спалуваат и на тој начин предизвикуваат уште поголемо загадување. Токму затоа H&M се посвети на својата мисија за одржливост.

Сподели!
- Advertisement -