CEED Hub Скопје ќе биде домаќин на работилница на тема „Како да преговарате со инвеститор?“ која ќе ја одржи Арон Браун, бизнис ангел и член на Швајцарскиот клуб на бизнис ангели. Работилницата ќе биде со времетраење од два часа и половина.
Замислено е работилницата да биде дел од поширок настан кој ќе опфати и презентирање на идеите на претприемачите пред потенцијални инвеститори наредниот ден, а работилницата е во насока да ги подготви за презентацијата односно за т.н. pitching.
Работилницата ќе се одржи на 12 март 2018 г. од 16:00 до 18:30. Картата за учество може да се набави онлајн преку платформата Grouper за 300 денари на следниов линк. Важно е да се напомене дека работилницата ќе се одвива на англиски јазик.
Арон Браун е активен член на Швајцарскиот клуб на бизнис ангели уште од 2005 година, претприемач, ментор и инвеститор. До сега има инвестирано во девет стартапи од различни индустрии.
Повеќе информации за работилницата може да најдете на Фејсбук настанот на следниов линк.