Премиерот на Франција предложил план за казнување на компании кои нема да ја затворат јазот помеѓу платите на жените и мажите во рок од три години, пренесува Independent.
Синдикатите и работодавачите биле известени за промените оваа недела со што им било потенцирано дека оние компании кои имаат над 50 вработени ќе мораат да инсталираат софтвер поврзан со нивните системи за исплата на плати преку кој ќе се мониторира еднаквото плаќање.
Од Владата изјавиле дека во текот на наредната година овој софтвер ќе биде достапен за компаниите со над 250 вработени, а во 2020 година и за фирмите кои имаат помеѓу 50 и 249 вработени. Доколку се детектира дека платите не се поправени во наредните три години, трудови инсектори ќе ги казнуваат фирмите со најмногу 1% од вкупната сума која ја даваат за плати.
„Софтверот ќе ги открие разликите кои постојат во исплаќањето на мажите и жените, се надеваме дека истите ќе ги надминеме“, изјавиле властите.
Во Франција, мажите во просек добиваат 9% повисоки плати од жените за иста позиција иако постои закон за еднакви плати во последниве 45 години.