Годинава ќе се прекине традицијата на организирање на годишниот Саем за мебел на Скопски саем, па поради таа причина, платформата за електронска продажба Grouper денес најави дека го започнува првиот онлајн саем за мебел во Македонија. Акцијата официјално ќе започне утре на 16. март.
„Докажавме дека сме први во реализација на најдобрите онлајн кампањи почнувајќи од незаменливиот Black Friday, уникатната кампања за Македонија – Дестинација Македонија, Недела на Храна и многу други, кои не прават препознатливи по тоа што на едно место ги вклопуваме најдобрите компании во својата област со непобедливи и атрактивни зделки.“, пишува во најавата на Grouper.
Производите секако ќе бидат понудени по промотивни, саемски цени. За сега се најавени само одреден дел од брендовите чиј мебел ќе можете да го набавите на онлајн саемот. Меѓу нив се брендови како Elite Sofa, Domitalia, Kares, Форма Нова итн.
Од Grouper додаваат дека бројот на компании кои ќе ги понудат своите производи и бројот на зделки ќе расте во текот на трањето на акцијата.