Светскиот ден на интелектуалната сопственост одбележан со фокус на успешните жени претприемачи

- Advertisement -

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост и по тој повод, Делегацијата на Европската унија во Македонија и Амбасадата на САД во Македонија организираа настан на кој неколку македонски жени претприемачи ги раскажаа своите успешни приказни и ги споделија нивните искуства и предизвици кои ги имале во кога се работи за развој на иновативни проидукти и услуги и заштита на интелектуалната сопственост.

На настанот се претставија Гзиме Фејзи која е ко-сопственичка и управителка на Касефичио Цезарина Фејзи, компанијата која ја произведе првата македонска моцарела,  Валентина Дисоска, одновач на ММ Дисоски и претседателка на Здружение на бизнис жени, Наталија Бургиева, основач на социјалното претпријатие МамаОргана кое произведува органско ѓубриво, Маргарита Гулевска, директорка на здружението Отворете ги прозорците, како и Верица Јорданова, сопственичка и уредничка на порталот Inovativnost.mk која воедно и го модерираше настанот.

- Advertisement -

Тие ги споделија своите бизнис исуства, предизвиците со кои се соочиле како жени во светот на бизнисот но и мисијата која си ја зацртале и останале доследни на неа.

Говорничките на панел дискусијата ја потенцираа потребата од промовирање на правата на интелектуална сопственост во однос на едукација и подигање свест за важноста на истите. Македонија, за жал, има негативен биланс на почитување на правата на интелектуална сопственост, а говорничките сметаат дека оваа состојба може да се промени единствено преку менување на сликата за интелектуалната сопственост во општеството.

- Advertisement -

 

Денешниов настан го отворија Јаромир Левичек, претставник на Европската унија и Микаела-Швајцер Блум, заменик – амбасадорка на САД во Македонија.

- Advertisement -

Левичек истакна дека во бизнисот и во креативните и иновативните дејности, претприемачите се соочуваат со многу предизвици и проблеми, особено жените претприемачи чија застапеност е со 34% од самовработените.

Заменик – амбасадорката Швајцер – Блум потенцираше дека е потребно жените да бидат охрабрувани и мотивирани, а државата преку создавање поволни услови да ги заштити во нивната работа.

„Од клучна важност е владите во сите земји вклучително и во Македонија да ја зголемат заштитата на интелектуалната сопственост преку развивање на капацитетите на телата што се занимаваат со ова прашање.“, заклучи таа.

На крајот на настанот на присутните им се обрати и Бисера Јордановска од Фондот за иновации и технолошки развој која ги претстави програмите и инструментите на Фондот за финансирање на бизниси и поттикнување на претприемништво.

 

(Фото – МИА)

Сподели!
- Advertisement -