Thе Bubble е летачки автомобил кој вози по вода

- Advertisement -

Колкупати сте заглавиле во сообраќаен метеж и сте посакувале да има нешто со кое побрзо ќе стигнете до вашата дестинација? Тогаш пробајте го ова. The Bubble е летачки автомобил за на вода кој ќе ве спаси од метежот и ќе ве одвезе до работа по река, езеро или море, пишува Inhabitat. Ова такси за на вода е дело на француската компанија SeaBubbles. Не прави бучава, не емитува штетни гасови и се лизга по водата без да прави бранови. Компанијата го тестираше прототипот на езеро во Женева минатиот месец и моментално е во тек педнеделното тестирање во Париз.

SeaBubbles сака да го смени начинит на кој сообраќаме и да ја намали емисијата на штетни гасови, додека истовремено ќе патуваме побрзо. Според компанијата, со патување по вода во некои градови патувањето до работа може да се скрати на половина. На пример, од компанијата проценуваат дека од Dubai Marina до центарт на Дубаи се патува 43 минути со автомобил, а само 26 минути со Bubble. Овој летачки автомобил ќе биде подготвен за нарачки во претпродажба почнувајќи од јуни годинава. Компанијата се надева дека во текот на наредните 5 години ќе може да лансира вакви автомобили во 50 градови во светот.

- Advertisement -

SeaBubbles минатата година ги најави плановите да лансира вакви такси на водите во Париз од средината на 2018 година. Сега компанијата откри детали за нивната нова линија, која вклучува систем за паркирање и апликација која покажува дали со Bubble такси ќе заптедите на време и нарачување на такси. Делот за паркирање на таксите е така дизајниран да ја користи соларната енергија и енергијата од ветрот и од водата за да ги наполни Bubbles помеѓу патувањата.

Кога автомобилот ќе достигне брзина од 12 км/ч се подигнува над водата, со што се елиминира можноста за ненадејни движења и непријатното тресење кое често предизвикува морска болест. Bubble може да собере до петмина патници вклучувајќи го и возачот, иако во иднина ќе има автономно управување.

Сподели!
- Advertisement -