Иновации спакувани во мултифункционален уред: Самсунг Галакси С10+

- Advertisement -

Во дигиталната ера на живеење, луѓето сè почесто ги користат своите смартфони за разни потреби. Од играње игри, користење на социјални мрежи, пишување потсетници, поврзување со сите, па се до извршување на работните задачи. Токму затоа, креирање на мултифункционален уред кој нема да биде само обичен смартфон претставува навистина голема новина и достигнување. Тимот на Самсунг во текот на изминатите години работеше напорно да создаде уред за сè. И во тоа успеа, а за тоа сведочат карактеристиките и перформансите на новиот премиум Галакси С10+. Што се крие зад плусот во иновативниот уред?

Плус кој значи многу

- Advertisement -

Со најновиот Галакси С10+ и неговиот Динамичен АМОЛЕД “Infnity-О“ екран, нурнете се во реалистичниот свет благодарение на неверојатните бои кои го задржуваат квалитетот и при висока светлина. Дизајниран лесно да се вклопи во дланката и да се маневрира со една рака, Галакси С10+ нуди повеќе од супер искуство, напротив, со секое користење и со секое откривање на иновациите кои се имплементирани во него создава ново, плус искуство.

За тимот на Самсунг, најдоброто стана стандард. Затоа тие го создадоа Ултрасоничниот скенер за отпечаток кој ги чита тридимензионалните контури на физичкиот отпечаток на прстот на корисникот и со тоа сè што е во телефонот се чува на највисоко ниво. Со оваа функција, можете да креирате податоци и да чувате податоци без да се грижите за безбедноста. Плус, ова ново ниво на биометриска проверка со првата во свет “FIDO Alliance Biometric“ компонента, допринесува уредот да биде навистина безбеден, на ниво на заштита на сеф.

- Advertisement -

Функцијата за безжичното споделување на енергија (Wireless PowerShare) овозможува едноставно полнење на “Qi“ сертифицирани паметни телефони и на компатибилни уреди за носење. Дополнително,  уредот може истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред, преку ова безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач, овозможувајќи им на корисниците со нив да понесат само еден полнач кога патуваат.

 

- Advertisement -

Плус професионализам при креирање фотографии

Претворете се во вистински професионалец благодарение на ултрашироките леќи со 123 степени поле на гледање, исто како човековото око. Создавајте фотографии толку реалистични како што ги гледате во моментот.

Создавајте прекрасни композиции и доведете ги до совршенство, а во сето тоа ќе ви помогне оптимизаторот на сцена, како и дополнителната функција за сугерирање при фотографирање.

Плус безбедност со Самсунг Нокс

Уредот е креиран со безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување на податоци, поддржан од хардвер каде се зачувани корисничките “приватни“ клучеви за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.

Плус брзина за секоја прилика

Галакси С10+ овозможува пристап до новата генерација “Wi-Fi 6“, овозможувајќи приоритетен и четири пати побрз пристап за разлика на оној на другите корисници во оптоварените предели, како на пример аеродроми. Искусете молскавична брза “LTE“ поврзаност за зачувување на податоци од интернет.

Плус грижа за корисникот

Во моментите кога сте излезени, а имате потреба да завршите нешто од вашиот лап топ, тука е Галакси С10+. Големиот екран, долготрајната батерија, брзината, маестралниот софтвер кој се базира на вештачка интелигенција само ги поместува границите на она што е навистина квалитетно…и корисно.

Сподели!
- Advertisement -