Шангај ја доби првата роботска банка – клиентите ги дочекуваат роботи

- Advertisement -

Џиао Лонг е најновиот вработен на банката China Construction Bank. Станува збор за роботска банка, прва од тој вид во Шангај. „Добредојдовте во банката China Construction Bank. Како можам да ви помогнам?“ се зборовите со кои ве дочекува роботот Џиао Лонг или Малиот Змеј кога ќе му пристапите, пренесува Klix.ba.

Роботот разговара со клиентите, ги зема нивните картички, проверува сметки и овозможува внесување ПИН, а може да одговори и на некои основни прашања. По краток разговор, клиентите поминуваат низ електронска врата, каде што се скенира нивното лице и личните карти. За сите идни посети во банката доволно е скенирање на лицето за да се отвори вратата.

- Advertisement -

Во банката може да се отвори нова сметка, да се направи трансакција на средста и да се менуваат валути. Во банката има уште еден робот кој ги дочекува клиентите, а тука е и посебна просторија во која клиентите преку видеолинк можат да разговараат со некој вработен. Банката е опремена со неколку безбедносни камери, а секоја сомнителна активност е аларм за членовите на обезбедувањето.

Во Кина има голем број роботи кои се користат за различни цели. Некои се поставени на железнички станици од безбедносни причини. Шефот на кинескиот е-трговец JD.com неодамна изјави дека роботите во иднина ќе ги заменат луѓето на продажните места. Роботите денес се користат за готвење, како во ресторани така и во индустриски кујни. Роботи келнери исто така постојат, но уште се бавни.

Сподели!
- Advertisement -