Пријавете се на натпреварот на технолошки идеи на порталот Bug.hr и освојте хотелско сместување и два повратни билети до Лас Вегас, како и излагачки штанд на CES 2019, најголемиот светски саем за нови технологии.
По големиот успех на претходните четири натпревари Idea Knockout и одличните настапи на победничките тимови, Bug одлучи годинава да го организира јубилејното петто издание на највозбудливиот регионален натпревар на технолошки идеи со идентична награда, пренесува tportal.hr.
Idea Knockout 2018 ќе се одржи на 27 септември во просториите на HUB385 воЗагреб со бесплатен влез за сите посетители, а тимовите кои ќе се пријават ќе се борат за повратни билети до Лас Вегас и излагачки штанд на Eureka Park, делот од CES резервиран исклучиво за најдобрите стартапи во светот.
За да се пријавите на Idea Knockout 2018 не мора да бидете стартап и не мора да сте од Хрватска. Доволно е да сте тим со оригинална технолошка идеја, било да се работи за софтвер, интернет-сервис или уред и за својата идеја да имате направено демо или прототип. Не е битно дали имате компанија или не, дали сте компанија или стартап или само студенти, битно е само да сте паметни и да имате храброст и амбиција за светски успех.
Пријавата се врши преку веб-страницата на натпреварот http://ideaknockout.com/, каде што се објавени и деталните критериуми. Освен споменатата награда, тимовите кои ќе настапат на Idea Knockout ќе можат да освојат и други вредни награди како мобилни уреди и слотови за настап на Bug Future Show 2019. Освен тоа, сите тимови кои ќе настапат на Idea Knockout 2018 ќе добијат изложбен простор на натпреварот и медиумска промоција во сите изданија на Bug (списанијата Bug и Mreža, порталот Bug.hr, емисијата Bug TV).
CES 2019 ќе се одржи од 8 до 11 јануари во Лас Вегас, САД.