Автомат за пиво користи блокчеин технологија за да ја провери возраста на купувачите

- Advertisement -

Блокчеин стартапот Civic најде креативен начин да ја покаже својата технологија и да ја олесни продажбата на алкохол. На четвртиот годишен самит CoinDesk Consensus, Civic претстави автомат за продажба од кој купувачите можат бесплатно да земат пиво доколку кај себе ја имаат апликацијата Civic за да потврат преку блокчеин дека се полнолетни, пишува PSFK.

Оваа идеја е еднократно партнерство со гигантот Anheuser-Busch, иако може да биде почеток на дополнителни мерки базирани на блокчеин технологија за полесна, побезбедна и поевтина продажба на алкохолни пијалаци со истовремена проверка на податоци. Од Civic велат дека друга потенцијална примена на блокчеин технологијата е во казината. Засега од Civic се задоволни со тестирањето на прототипот на технологијата со автомати за пиво.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=_vAQjWlY7Ck

Сподели!
- Advertisement -