#ИновативностЧита: Старбакс искуство, пет принципи за претворање на обичното во извонредно

- Advertisement -

Постои ли некој кој не слушнал за Старбакс? Како еден од најуспешните, а можеби и најуспешниот ланец на кафулиња, постојат многу лекции кои можеме да ги научиме од успехот на Старбакс. Во овонеделната рубрика на #ИновативностЧита ги разгледуваме подетално принципите со кои Старбакс стана извонреден бренд во книгата Старбакс искуство – пет принципи за претворање на обичното во извонредно од авторот Џозеф А. Мишели

- Advertisement -

Старбакс е американски ланец на кафулиња кои продаваат кафе за носење формирана уште во 1971 година во Сиетл во САД. На крајот на минатата година оваа компанија имаше вкупно 26 696 кафулиња ширум светот. Денес скоро и да не постои човек кој не слушнал за брендот или пак кој нема да го препознае допадливото зелено лого на бела основа.

Компанијата со текот на годините успеа од нешто толку обично како пиењето кафе, да создаде „религија“ на пиење кафе за носење – секоја чаша кафе персонализирана со името на купувачот!

- Advertisement -

Токму ваквиот чекор кој на потрошувачите им кажува дека брендот мисли на нив и сака да се поврзе со нив со тоа што за секој ќе обезбеди персонализирано кафе, успеа да го стимулира растот на бизнисот, да генерира профит и истовреме да си ја обезбеди лојалноста на купувачите.

Магазинот Fortune ја прогласи Старбакс како една од најпосакуваните компании за работа токму поради начинот на кој вработените посветено градат врски со потрошувачите создавајќи кафе – пијалоци за оние кои уживаат да го конзумираат.

- Advertisement -

Авторот Мичели ја проучил работата на Старбакс и пробал да ги хакира и да ги пренесе на публиката основните принципи по кои функционира оваа компанија.

  1. Допрете до целата заедница
  2. Слушајте го секој од вработените
  3. Прифатете ги можностите за раст на секој пазар
  4. Дизајнирате задоволителни искуства за потрошувачите
  5. Раскажувајте вистински приказни преку работењето

Приказните кои авторот Мичели ви ги раскажува низ книгата изобилуваат со позитивни ноти. Доколку имате желба да стартувате сопствен бизнис, тогаш ова е една од книгите кои мора да ги прочитате бидејќи ќе ви помогне подобро да ја осмислите пораката која сакате вашиот бизнис да ја пренесува, приказната која ќе ја раскажува и ќе ви помогне подобро да се брендирате.

Старбакс е една од најдобрите компании од кои можете да научите како да се однесувате со вашите купувачи бидејќи компанијата освен што обезбедува производ, обезбедува и искуства.

Сподели!
- Advertisement -