Британецот Нил Харбисон стана првиот официјален киборг во светот

- Advertisement -

Британецот и авангарден уметник Нил Харбисон, благодарение на вградената антена во черепот, стана првиот официјален киборг во светот. Харбисон открива дека е роден како далтонист и не разликува бои, па сега благодарение на антената може да ги слуша боите, пренесува Klix.ba.

Тој станал киборг после еден уметнички проект кога како студент професорите го поттикнувале да користи технологија. Бидејќи антената сега е составен дел од неговиот череп, тој успеа да ја натера британската влада да го признае неговиот идентитет и официјално да го прогласи за киборг, што според дефиниција е кибернетички организам кој се состои од уметнички и природни делови.

- Advertisement -

[quote]Киборг е кибернетички организам кој се состои од уметнички и природни делови.[/quote]

„Сакав да ја проширам својата перцепција за реалноста. Антената ми овозможува да ги доживеам боите, кои инаку не можам затоа што сум далтонист. Се идентификувам како киборг затоа што повеќе не се чувствувам како одвоен од технологијата. Таа е дел од мене“ вели Нил.

- Advertisement -

Во антената се наоѓа електронско око кое се директно поврзано со чип вграден во неговиот мозок. Визуелните стимуланси се претвораат во електронски сигнали, кои се испраќаат во уред во неговиот мозок, а потоа програма ги претвора во звуци. Харбисон сега може да разликува повеќе бои отколку еден просечен човек.

И неговата најдобра пријателка, Мун Рибас, вградила чип кој и овозможува да има сеизмичко сетило и во нозете да ги чувствува сите потреси во светот. Иако не е единствениот киборг, Нил признава дека најголем предизвик му е реакцијата на околината. „Луѓето реагираат различно. Едно време мислеа дека сум Покемон и се обидуваа да ме фатат“, вели уметникот. Наредно Нил планира да вгради уреди кои ќе му помогнат да го чувствува времето.

Сподели!
- Advertisement -