Моливите Sprout се оригинални моливи кои може да се посадат, патентирани се и гарантираат најголем квалитет. Освен тоа, 100% се одржливи и нетоксични. Направени се од природна глина, графит и во себе содржат биораградлива капсула со семиња. Без разлика дали ќе изберете обичен молив или во боја, сите се забавни за користење. Кога веќе нема да пишувате, исто толку ќе ви биде забавно да ги посадите и да гледате како од нив се раѓа растение.
Сите семиња за моливите Sprout се избрани затоа што се лесни за одгледување – од живописни цвеќиња до мирисливи тревки или свеж зеленчук. За да ги посадите моливите ви треба еден сад со отвори на дното. Садот го полните со хранлива почва, ја наводнувате почвата и го ставате моливот накривен под агол, но не многу длабоко, доволно само за да се покрие капсулата. Потоа садот го ставате на природна светлина, но не директно на сонце – идеална температура е 20 степени. По околу четири недели треба да се појават првите никулци.