ВИДЕО: Надворешна клима која не троши струја

- Advertisement -

Израелската компанија Green Kinoko се подготвува за првата јавна демонстрација на надворешен систем за ладење наречен Kensho, кој би можел да биде идеален за терасите на рестораните и кафулињата дури и во најтоплите денови, а сигурно добро би ни дошол и на нашите балкони и во дворовите.

Најбитно кај овој систем, за разлика од другите системи за ладење е тоа што Kensho системот не троши енергија. Тајната лежи во течниот азот. Стандардните уреди кои ја држат таа течност на -196 °C се полнат во фрижидери, а кога ќе се вклучат, течноста почека се испушта. Брзо се шири до речиси 700 пати поголем волумен додека не се претвори во гас, а ладилниците користат енергија во тоа ширење преку механичкиот мотор за испуштање на гасовитиот азот на -10 °C.

- Advertisement -

Тоа е доволно ладно за да разлади неколку маси на отворено брзо и тихо. Многу е поеколошки прифатливо од клима уредите затоа што не користи струја од електрична мрежа и не испушта врел воздух. Со оглед на тоа дека азотот сочинува околу 78% од воздухот, целосно е безбеден за дишење.

Компанијата започнува со јавно тестирање на својот уред во еден ресторан во Тел Авив и веруваат дека за неколку недели јавно ќе ги објават резултатите од пилот-тестирањето.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -