Седум вештини кои им се потребни на вашите деца за да преживеат во модерниот свет

- Advertisement -

Образованието можеби е пасош до иднината, но се чини дека училиштата не успеваат децата да ги научат на некои од најбитните животни вештини. Експертот доктор Тони Вагнер од Харвард тврди дека денешните деца се соочуваат со голем јаз во поглед на тоа што ги учат дури и најдобрите училишта и тоа што младите луѓе мора да го научат и да го знаат, пишува World Economic Forum.

Таа ситуација е влошена поради два трендови: првиот е глобалниот премин од индустриска економија на економија на знаење, а вториот е начинот на кој денес децата кои се пораснати со Интернет се мотивираат да учат. Во својата книга „Глобалниот јаз на достигнувањата“ („Тhe Global Achievement Gap“( Вагнер ги идентификува седумте основни вештини кои секое дете мора да ги владее за да преживее во светот од иднината.

- Advertisement -

1. Критичко размислување и решавање проблеми

Компаниите мора постојано да ги подобруваат своите производи, процеси и услуги со целд а бидат конкурентни. А за таа цел им се потребни работници со критичко размислување кои ќе ги поставуваат вистинските прашања за да дојдат до коренот на проблемите.

- Advertisement -

2. Мрежна соработка и лидерство со влијание

Со оглед на интерконектираноста на бизнис светот, лидерските вештини и способноста да се влијае и да се работи заедно како тим се многу битни. А кој е клучот за да се биде ефективен лидер? Тоа се креативното решавање проблеми и чистата етика.

- Advertisement -

3. Агилност и приспособливост

Способноста да се адаптирате и да учите нови вештини за кратко време е витално за успех. Работниците мора да користат различни алатки за да решат проблем. Тоа е вештина која се бара кај кандидатите за работа.

4. Преземање иницијатива и претприемнички дух

Нема ништо лошо во тоа да се обидувате. Честопати луѓето и бизнисите не сакаат да преземаат ризици. Но, подобро е да се обидете 10 пати и да успеете 8 отколку да пробате 5 пати и да успеете сите 5.

5. Ефективна усна и пишана комуникација

Несредените мисли и неспособноста да се изразат сопствените мисли се најчестите поплаки од бизнис лидерите за нивните вработени. Тука проблемот не е неспособноста на младите да користат граматика и интерпункција на правилен начин или да спелуваат, туку како се изразуваат вербално, кога пишуваат или кога презентираат нешто.

6. Пристап и анализа на податоци

Многу вработени се справуваат со големи количини информации на дневна основа. Способноста да се пролистуваат и да се изберат најрелевантните е предизвик, особнено имајќи предвид колку често се менуваат информациите.

7. Љубопитност и имагинација

Љубопитноста и имагинацијата се предуслов за иновирањето и за решавањето проблеми. „Сите сме љубопитни , креативни и имагинативни кога ќе се родиме. Просечно четиригодишно дете поставува 100 прашања дневно, но кога ќе наполни 10 години повеќе го загрижува да ги има вистинските одговори за на училиште отколку да поставува добри прашања. Родителите и наставниците треба да ја одржуваат таа љубопитност и имагинација кои се вродени кај секое дете“ вели Вагнер.

Сподели!
- Advertisement -