Проверете дали сте зависни од вашиот смартфон

- Advertisement -

Мобилните телефони стануваат неопходен начин за комуникација на луѓето и им помагаат ефикасно да се грижат за останатите животни потееби. Релативно ретко гледаме некој кој прави нешто освен пишување пораки, разговарање, играње игри или прелистување на социјалните мрежи на телефон. Употребата на мобилниот телефон стана неоходен дел од секојдневието, што значи дека некои луѓе може да станат зависни од своите мобилни телефони. Всушност, речиси 52% од корисниците на мобилни телефони покажуваат знаци на зависност.

За да проверите дали сте зависни или не, поставете си ги себеси и на вашата околина прашања кои ќе ви помогнат да одредите колку време поминувате со телефонот во рака. Секој на својот мобилен телефон следи известувања, пораки, лајкови на социјалните мрежи и пропуштени повици. Меѓутоа, она што ви изгледа како бесопасно проверување може да биде поголем проблем, особено ако го проверувате мобилниот телефон на секои пет минути. Поставете си следните прашања кои ќе ви помогнат да сфатите дали имате проблем или не.

- Advertisement -

Дали некогаш ве стопирале за пишување порака додека возите?

Дали луѓето ви велат да го оставите телефонот и да обрнете внимание на нив?

- Advertisement -

Го користите ли телефонот во непримерни ситуации, на пример на родителски состанок или на лекарски преглед?

Дали телефонот ви е секогаш во рака или блиску до вас?

- Advertisement -

Дали батеријата на телефонот ви трае цел ден?

Го носите телефонот ли во купатило?

Го користите ли телефонот на социјални збиднувања, како на вечера со друштвото?

Ви создава ли телефонот големи проблеми во животот, како што се изолација од саканите, лоши оценки или некој правен проблем?

Дали ви треба повеќе време да завршите нешто затоа што постојано го проверувате телефонот?

Дали ви е тешко да разговарате со луѓето лице во лице?

Сите типови на зависност имаат симптоми, па тоа важи и за зависноста од телефон. Забележувањето на симптомите на зависност може да ви помогне побрзо да се одвикнете од тој уред. Некои од симптомите на зависност од користење мобилен телефон се следните:

-напад на паника кога ќе го заборавите телефонот некаде

-чувствувате лажни вибрации во џебот

-чувствувате стрес низ цело тело

-инсомнија

-анскиозност, особено ако чекате порака или повик

-депресија

-агресија

-намалена способност да мислите и да бидете креативни

-страв дека пропуштате нешто ако не гледате во мобилниот телефон

-замаглен вид

-болка во вратот

-болка или проблеми со движење на рацете

-главоболка

-замор

Сподели!
- Advertisement -