Истражувањето на компанијата Зенит покажа дека Кина во ова првенство ќе инвестира во реклами 500% повеќе отколку САД
Се очекува дека Светското првенство во фудбал 2018 година, што ќе се одржи оваа година во Русија, ќе досегне дури 3,2 милијарди луѓе од целиот свет, а како што се приближува првиот натпревар, така расте и возбудата, не само помеѓу навивачите, туку и кај брендовите. Компаниите од целиот свет наводно ќе издвојат дополнителни 2,4 милијарди долари во глобалното инвестирање за огласување во текот на овој настан и покрај фактот што некои од најголемите вложувачи во светот во огласувањето, како што се САД и Кина, нема да учествуваат на натпреварувањето.
Истражувањето од компанијата Зенит покажа дека и покрај големиот интерес за првенството во Русија, некои големи економии нема да претеруваат со вложувањата во огласување. САД, кои се лидер на глобалниот пазар на огласувањето, оваа година ќе придонесат само со 0,2% од вкупните годишни вложувања во текот на настанот, бидејќи тие не учествуваат во него.
Во Велика Британија, Светското првенство ќе додаде 40 милиони фунти во инвестициите за огласување во 2018 година, а се очекува дека првенството ќе ја зголеми продажбата на рекламите во печатените медиуми и ќе има значително влијание врз целокупната рекламни инвестиции во оваа земја.
40% од потенцијалната публика на натпреварувачите ќе спијат во текот на натпреварите, па истражувањето предвидува дека многу од нив бараат алтернативни начини за да ги гледаат натпреварите, вклучувајќи платформи за видео на барање и клипови на социјалните медиуми – кои исто така, имаат свој потенцијал за рекламирање.
Земјата домаќин Русија во глобалната потрошувачка на рекламирање ќе додаде 64 милиони долари во текот на првенството, што вклучува 2,1% од вкупните руски издатоци за рекламирање во 2018 година. Во меѓувреме, најголемиот пораст доаѓа од Кина, која во глобалниот огласувачки пазар во текот на првенството се потроши 835 милиони долари или 1,0% од вкупниот пазар на реклами за време на Светското првенство!
Џонатан Бернард, директор на прогнозирање и глобални податоци во Зенит, изјави: “Светското првенство обезбедува сигурен поттик на глобалниот пазар на реклами секои четири години и оваа година ќе биде одговорно за 10% од вкупниот пораст во рекламните инвестиции. Првенството оваа година, ќе демонстрира моќ за изградба на брендовите, како на традиционалната телевизија, така и на социјалните медиуми “.
Marketing365.mk