Седумдесетгодишна баба исчисти 52 плажи за една година!

- Advertisement -

Седумдесетгодишна баба исчисти 52 плажи за една година и покажа дека никогаш не е доцна да почнеме да се грижиме за нашата планета. Земјата е нашиот единствен дом, но многу често забораваме на тоа. Таа ни е дадена да се грижиме за неа, но не секогаш успеваме во тоа. Сепак, има луѓе кои се вистински херои и навистина се загрижени за спасување на планетата Земја и даваат се од себе за да ја сочуваат нејзината убавина.

Пет Смит од Корнвол, Велика Британија, е еден таков херој. Таа гледала документарец за загадувањето со пластика и навистина се загрижила за овој проблем. Таа ноќ не можела да спие и кога станала наредното утро одлучила уште веднаш да преземе нешто. Така, си задала еден предизвик за 2018 година – да исчисти по една плажа неделно.

- Advertisement -

Нејзините сограѓани ја поддржале во идејата, па заедно со помош на волонтери и со нејзините внуци Пет Смит успеала да ја реализира идејата и во текот на 2018 година исчистила 52 плажи. Но, тоа не е крајот на приказната. Таа продолжува со нејзината мисија да го направи светот подобро место за живот.

- Advertisement -

Пет Смит лансираше и кампања наречена The Final Straw. Мисијата на кампањата е да ја подигне свеста за бескорисноста и штетата од употреба на пластичните сламки и нејзиниот роден град Корнвол, како и целиот свет да го исчисти од пластичните сламки.

- Advertisement -

Сламките за пиење се одличен пример за тоа како едно непотребно парче пластика за еднократна употреба може да го загади светот во толкава мера. Секоја пластична сламка ќе го надживее секој човек на планетата Земја, а ги има на депониите и во океаните, каде што го убиваат морскиот свет. Пет Смит покажа дека секогаш има начин да се придонесе за да се промени некоја ситуација на подобро.

Сподели!
- Advertisement -