Boring Company планира да превезува патници меѓу О’Хер и 37-миот блок во кружен тунел со две ленти, по кој патувањето ќе трае само 12 минути во еден правец, за разлика од надземниот транспорт, по кој патувањето од центарот на Чикаго до аеродромот трае околу 40 минути. Сите трошоци за изведување и планирање на тунелот ќе ги сноси компанијата на Маск. За да ги покрие трошоците за изградбата, The Boring Company по отворањето на тунелот ќе ја собира целата заработка, вклучувајќи ги и парите од билетите за превоз и давачките кои ќе ги плаќаат дуќаните во модифицираните возила.
Вкупната цена на проектот ќе изнесува повеќе од 1 милијарди долари. Овој потег е големо признание за визијата на Маск. Boring Company преговара и со Лос Анџелес за изградба на тунел долг 10,5 километри, а доби прелиминарна дозвола за почеток на копање и во Вашингтон. Компанијата, исто така, го доврши двокилометарскиот пробен тунел под паркингот на SpaceX.