- Advertisement -
Велосипедот YERKA е идеја на тројца млади претприемачи кои сакале да ги остварат своите сништа да се чувствуваат слободни на улиците во сопствениот град. Во текот на октомври минатата година тие ја претставија втората верзија на нивната иновација YERKA V2.
YERKA V2 е уште побезбеден и редизајниран велосипед. Непогрешливиот систем за безбедност на велосипедот овозможува заклучување на велосипедот за помалку од 15 секунди. Направен е од засилен челик и секој крадец ќе размисли двапати пред да се обиде да ја пресече главната рамка.
Нов клучен елемент на велосипедот е Anti-Theft Nuts, кој го штити секој дел од велосипедот и доколку некој сака да го украде, ќе му требаат специјални алати. Понатаму, новите гуми се многу пошироки и се навистина одлични за модерните улици со еден куп шахти, дупки и несвршености.
- Advertisement -