Amazon почна со работа на изградбата на сопствен сателитски интернет

- Advertisement -

Amazon најави инвестиција од 120 милиони долари во изградбата на фабрика за сателити во вселенскиот центар на НАСА, Кенеди на Флорида. Тој потег следува псле подготовките на овој технолошки гигант, кој е во сопственост на Џеф Безос, да ги лансира првите сателити во склоп на она што треба да биде амбициозна интернет мрежа наречена Kuiper.

Фабриката ќе биде изградена на местото на историски погон за лансирање и слетување, кој претходно се користел за мисиите на Space Shuttle на НАСА. Целта на проектот Kuiper е поставување на широки мрежи од 3.236 сателити во ниската орбита на Земјата за глобално брз пристап до интернет.

- Advertisement -

Големата фабрика ќе одигра клучна улога во подготовките на сателитите за лансирање на ракетите на компаниите United Launch Alliance и Blue Origin, исто така во сопственост на Безос. t

Се очекува изградбата да заврши во 2024 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -