Пет индустрии кои најбргу ќе растат во блиска иднина

- Advertisement -

Иако иднината не може да се предвиди, може да се разгледа моменталната ситуација во индустриите во светот и да се предвиди каде може да се очекува раст врз база на досегашните достигнувања на компаниите и развојот на иновации во овие сектори. Еве неколку индустрии за кои некои аналитичари предвидуваат дека најбргу ќе растат во годините што следуваат

1. Виртуелна реалност 

Виртуелната реалност е комерцијално достапна од 2015 година, а во 2017 година сетовите за виртуелна реалност беа најпродаваниот гаџет во светот. Уште откако првично беше претставена оваа технологија, за неколку години успеа да достигне вредност од 7 милијарда долари.

- Advertisement -

Се предвидува дека до крајот на 2021 година, приходите кои компаниите ќе можат да ги остваруваат благодарение на виртуелната реалност ќе се искачат до 75 милијарда долари.

 

- Advertisement -

2. Канабис за медицински цели

Дебати за легализацијата на марихуана за медицински цели се сѐ почести, но и дебати за легализацијата на марихуана за рекреативните цели. Во САД, веќе 29 сојузни држави дозволуваат користење марихуана за медицински цели, а од нив дури 9 целосно ја легализираа марихуаната.

- Advertisement -

Во 2016 година, заработката од легалните продажби на марихуана изнесувала 7 милијарда долари, а се предвидува дека до 2020 година индустријата годишно би можела да носи 24 милијарда долари.

3. Дронови

Првата идеја за употребата на дроновите беше за воени цели. Но денес во 2018 година, дроновите имаат многу поширока намена како мапирање на локалитети, снимање венчавки и спортски настани итн.

Некои компании, како на пример Amazon, започна да тестира и достава со дронови бидејќи на овој начин, производот би можел да биде доставен за неколку часа наместо за неколку дена. Без разлика дали ќе се работи за достава, производство или снимање, оваа индустријата има сигурен напредок во блиска иднина.

4. Агенции за инфлуенсери

Сѐ поголем е бројот на дигитални агенции кои се фокусираат на работа со социјални медиуми и инфлуенсери, но и веќе постоечки агенции за маркетинг кои се обидуваат овој сегмент да го вметнат во своите понуди. Овие агенции се трудат да им овозможат на луѓе кои стекнале голем број на следбеници на социјалните мрежи, да ја монетизираат својата популарност.

Оваа индустрија доживеа голем напредок во последниве две до три години, а во 2017 година вредеше околу 10 милијарда долари. Се проценува дека до крајот на 2018 година ќе порасне за уште 20%.

5. Криптовалути

Без разлика дали ги сакате или не, пазарот на криптовалути доживеа голем процут во 2017 година. Една од најпопуларните криптовалути на пазарот, биткоин, минатата година достигна максимална вредност од 20.000 долари, а оние кои купија биткоин валути уште на почетокот, на крајот на 2017 година обезбедија поврат на своите инвестиции од дури 2.600%.

Иако овој пазар се покажа како турбулентен, без сомнежи индустријава ќе расте, особено развојот на иновации базирани на блокчеин технологии.

Сподели!
- Advertisement -