1. Обрни внимание на говорот на телото

Седењето на работ на столот може да направи да изгледате премногу нетрпеливи. Поради тропањето со прстите по масата може да изгледате уште понетрпеливо. Исто така, прекрстените раце може да значат дека сте преплашени. Водете сметка за тоа.

  1. Преговарај во живо

Електронската пошта им овозможува на луѓето да избегнат директно соочување и им дава време да смислат соодветен одговор. Но, исто така, во тој случај потешко е да се процени тонот на разговорот отколку кога се разговара лице во лице.

- Advertisement -
  1. Пробајте да ги разберете целите на другата страна

Честопати туѓите цели не се во согласност со вашите, но вите сте во можност да го дадете она што го сакаат за да се чувствуваат како тие да победиле.

  1. Бидете спремни да си заминете

Ако работите станат премногу жестоки или ви се чини дека не можете да ги усогласите условите на договорот, предложете пауза за да се „оладите“.

- Advertisement -
  1. Одредете ги своите цели однапред

Ако не знаете што сакате да постигнете пред да почнете да преговаратем и дозволувате на спротивната страна да ви ги дефинира целите.

  1. Слушајте повеќе отколку што зборувате

Колку помалку се вклучувате во разговорот, толку се поголеми шансите дека другата страна ќе направи грешка и ќе ви понуди информација која инаку би ја задржала за себе.