Во загрепското кино „Европа“ се отвори првиот хрватски хотел за билки

- Advertisement -

Во загрепското кино „Европа“ летово во својата понуда воведоа нова услуга која сигурно изненади дел од нивната публика, додека други можеби ќе ги спаси од одредена грижа. Имено, тука се отвори првиот хрватски хотел за билки, кој би можел да биде вистински одговор на прашањето „Кој ќе ни ги полева билките додека сме на море?“.

„До идејата дојде нашиот директор на киното, Хрвоје Лаурента, во текот на работилницата Innovation Lab, одржана во склоп на Филмскиот фестивал „Трансилванија“ кон крајот на мај годинава. Хотелот за билки, воедно, беше и предлог како хаулата на киното да се оживи кога нема филмски проекции. Веднаш штом излеговме со веста реакциите беа одлични – цел ден ни се јавуваат новинари и заинтересирани љубители на билки, а на социјалните мрежи на киното имаме доста голема активност“ велат од киното „Европа“.

- Advertisement -

Чувањето и негата на билките целосно се бесплатни и овој зелен проект ќе трае до почетокот на септември, пренесува Poslovni Dnevnik. Сопствениците на билките кога ќе ги оставаат своите „љубимци“ ќе мора да пополнат само образец, каде што ќе ги остават своите детали и упатства за полевање на билките, како и колку време ќе бидат на чување. ЗА сите билки на кои киното „Европа“ ќе им биде привремен дом летово ќе се грижат вработените во киното.

„Што се однесува на нашите максимални капацитети, не сме размислувале детално за тоа затоа што најпрвин сакавме да видиме каков ќе биде интересот за иницијативата. Засега нема ограничување, но сепак, ги замолуваме корисниците да не претеруваат. Ги замолуваме и детално да го пополнат образецот за чување на билките и да додадат ако имаат некои посебни напомени. Билките стратешки ќе ги распоредиме во хаулата заедно со нашите билки со цел сите да имаат рамномерен пристап до светлина“ додаваат од „Европа“.

- Advertisement -

Благодарение на киното „ЕВропа“ сега клучевите од домот загрепчани не мора да ги оставаат кај соседите за да им ги полеваат билките, ниту да се плашат дека зелените „љубимци“ нема да бидат живи кога ќе се вратат од годишен одмор. Овој хотел истовремено е и одличен маркетиншки потег, а не е изоставена ни еколошката компонента.

Сподели!
- Advertisement -