- Advertisement -
Според Банката оваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите финансиски резултати.
НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија од страна на Еуромани. Наградите, како што соопштуваат од Банката, се врачени вчера во Лондон.
Според Банката оваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.
- Advertisement -
„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата“, наведува магазинот во соопштението по повод прогласувањето на банката.
- Advertisement -