Еве колку ќе чини билетот за патување до вселената со вселенските бродови на Џеф Безос

- Advertisement -

Уште не е познато кога можеме да ги очекуваме првите туристички летови во вселената, но јасно е дека тоа време се приближува, како што е јасно и дека таквите патувања ќе бидат резервирани само за авантуристи со длабок џеб. Моментално три компании имаат големи амбиции на пазарот за веселенки туризам – Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон, SpaceX на Илон Маск и Blue Origin, компанијата која во 2000 година ја основаше Џеф Безос, денес најбогатиот човек човек во светот со над 140 милијарди долари.

Безос и извршниот директор на Blue Origin, Боб Смит, неодамна најавија дека во текот на 2019 година ќе почнат да се продаваат билети за летови до вселената со нивното летало New Shepard. Почетокот на продажбата на билети не значи дека навистина можеме  наскоро да ги очекуваме и патувањата, туку со купувањето билет се резервира место, пренесува Zimo.

- Advertisement -

New Shepard се состои од ракетен погонски дел во кој има место за 6 лица, а по лансирањето погонскиот дел се враќа на Земјата за повторно да се искористи. Капсулата, пак, ќе може да достигне висина од околу 100 километри, па патниците накратко ќе почувствуваат бестежинска состојба и дури да го видат заоблениот изглед на Земјата. Потоа капсулата се враќа на Земјата и при спуштањето ќе се отворат падобрани за да се забави движењето.

Иако  Смит изјави дека допрва ќе се разговара за цените, некои извори од Blue Origin тврдат дека вселенските туристички летови ќе изнесуваат од 200.000 до 300.000 долари. И покрај високите цени, секој лет со New Shepard на Blue Origin ќе му донесе загуба во милиони затоа што се предвидува дека трошокот за еден лет ќе надмине 10 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -