Facebook забрани објавување фотографии од разголени статуи

- Advertisement -

Музејот за уметност и историја од Женева се пожали дека Facebook забранил реклама за изложба која допрва треба да се одржи само затоа што содржела фотографии од две статуи – половина голата Венера и целосно гол клекнат маж.

Музејот на Twitter напиша дека сакале да ги објават фотографиите на Facebook и да ја промовираат идната изложба „Caesar and the Rhone”, која треба да почне во петок, но социјалната мрежа ги спречила поради голотијата. Наместо таму, музејот ги ставил фотографиите на Twitter заедно со францускиот збор за цензуриран преку статуите со коментар дека можеби е време платформата да ја смени својата политика за музеите и другите културни институции.

- Advertisement -

Во рамките на измложбата на музејот се наоѓаа дела од музејот Лувр, антиквитети од музеи во Фрнација и други институции за да се долови инвазијата на Цезар долж реката Рона почнувајќи од Женева до и југоисточна Франција до Медитеранот.

Статуата „Venus of Arles” е направена во првиот век од нашата ера и ја претставува божицата разголена со едната  рака испружена и покриена со ткаенина. Бронзената статуа на заробеник од првиот век пред нашата ера го покажува него со рацете врзани зад грбот и го зимболизира триумфот на Рим над галските племиња.

Сподели!
- Advertisement -