Rolls-Royce направи робот-лебарка кој ќе ги поправа моторите на авионите

- Advertisement -

Со намера да го револуционизира начинот на кој се одржуваат и се поправаат моторите, компанијата Rolls-Royce направи минијатурен робот0лебарка, кој ќе може да се протне во авионските мотори и да ги поправи. Роботот е опремен со камера и 3Д скенер, па ќе им овозможи на инженерите далечински да ги проценат проблемите пред да се обидат да го поправат.

Овие роботи се дел од проектот Intelligent Engine, кој беше најавен годинава со цел развој на конектирани мотори со потенцијал да се поправаат самите себеси. Роботот-лебарка познат под името SWARM е една од четирите технологии кои се развиваат со цел да се задоволат сите потреби на моторите, пишува DesignBoom.

- Advertisement -

Друга технологија е FLARE, робот сличен на змија кој може да се движи низ моторот и заедно со другите роботи да ја поправа оштетената термална обвивак. Овој робот е долг 10 мм, а ќе може да емитува слика во живо преку малата камера, како и да ги носи роботите SWARM во моторот.

Освен роботите кои можат привремено да влезат во моторот, Rolls-Royce работи и на роботот INSPECT, кој ќе може да биде инсталиран во моторот. Овој термално заштитен перископ ќе овозможи да се следи состојбата на моторот и сите податоци да ги испраќа до операторите.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -