Омилените вина „Тиквешко бело“, „Тиквешко црвено“ и „Тиквешко розе“ од 3 литри во „bag-in-box“ пакување на ВВ „Тиквеш“ добија целосно нов дизајн на амбалажата. Новиот изглед на пакувањето ги следи современите пазарни трендови и одговара на специфичните очекувања на љубителите на вино во земјава и регионот за постојани иновации и освежувања во настапот на пазарот.
Овие популарни вина изградија цврста врска со љубителите на вино, особено при негувањето на традиционалните вредности и обичаите, па токму затоа новиот дизајн на амбалажата беше промовиран на годинешната „Галичка свадба“, најпознатата и најатрактивна обичајна манифестација во Македонија, која се одржа изминатиот викенд.
Креативната изведба на редизајнот и промотивните активности се раководат од слоганот на оваа линија вина – „Страст за традицијата“.
Вината со новиот дизајн веќе се достапни на одредени продажни места, а до крајот на месецот ќе се најдат на полиците во сите продажни објекти низ земјава.