Македонските компании гладни за пари! 80% од одобрените проекти се за иновации, доминира ИТ индустријата!

- Advertisement -

           Зголемување на конкурентноста предводена од технолошки развој и креирање додадена вредност се главните цели на инструментите од третиот столб на Планот за економски раст. Ако се цени според големиот интерес на компаниите за првиот повик, на кој се јавија над 200 компании, на македонската економија навистина и е потребна финансиска инјекција!

Производство на прозирни исправувачи на заби со 3Д технологија, кодирање на лице и неуромаркетинг, производство на органска и сурова храна, развој на паметен фотоволтаичен модул, производство на биохигиенски алое хулахопки, производство на автомобилски делови, развој на етикета направена од алое вера и ацерола, 3Д печатење на модни додатоци… Ова се само мал дел од иновативните проекти кои добија кофинансирани грантови од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на третиот столб од Планот за економски раст. Со 30% сопствено учество и 70% кофинансиран грант од буџетот 64 компании од најразлични дејности ќе развиваат иновативни проекти со цел да креираат услуги и производи, пред се, со силен пазарен и извозен потенцијал. Останатите 15 компании обезбедија кофинансирани грантови за технолошки развој, во кои тие учествуваат со 70% од вкупната инвестиција, а државата финансира 30%. Вкупниот финансиски инпут во вкупно 79 компании од македонската економија изнесува 10,5  милиони евра.
Зголемување на конкурентноста предводена од технолошки развој и креирање додадена вредност впрочем се и главните цели на инструментите од третиот столб на Планот за економски раст. Ако се цени според големиот интерес на компаниите за првиот повик, на кој се јавија над 200 компании, на македонската економија навистина и е потребна финансиска инекција.
Oва е прв инвестициски бран од првиот повик во рамки на третиот столб. Вториот инвестициски бран за овој повик следува, и таму ќе бидат опфатени уште 80 компании за што се чека дополнителен буџет од Владата.

[quote]

- Advertisement -

10,5 милиони евра
е вредноста на доделените грантови

79 микро, мали и средни компании
обезбедија финансирање

- Advertisement -

236 компании
се пријавија на првиот повик за мерки од третиот столб

На секој 1,4 денар инвестиција од државата,
приватната компанија инвестира 1 денар

- Advertisement -

[/quote]

„Иновативност“  ја анализираше структурата на компаниите според нивната големина, индустријата во која работат и мерките за кои добија кофинансирани грантови.

Како што може да се види од графичкиот преглед  речиси 60% од одобрените проекти завршија кај мали претпријатија (до 50 вработени), по што следуваат микро (до 10 вработени) и средни претпријатија (од 50 до 250 вработени), кои имаат удел од 24% и 15% во вкупниот број одобрени проекти на овој прв повик.

Најголем дел од одобрените проекти, високи 60% се на компании од Скопје, а останатите на компании од внатрешноста. Кофинансирани грантови добија шест компании од Прилеп, пет од Битола, четири од Охрид, три од Струмица, две од Штип, и по една компанија од Тетово, Струга, Велес, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Кичево, Крушево, Неготино, Богданци и Кочани.

Интересен е распоредот на сили по дејности. Фактот дека меѓу одобрените проекти има навистина иновативни проекти од здравство, земјоделство, електроника, енергетика, од текстилната и кожарската индустрија и многу други ја демантира тезата која владее во пошироката јавност дека македонските компании немаат многу идеи и амбиции за развој. Напротив, развојните проекти кои со овие кофинансирани грантови ќе се развиваат даваат надеж за зголемување на конкурентноста и иновативноста на македонската економија. Во одобрените проекти со повеќе од една четвртина (26,5%) доминираат проекти од информатичката индустрија, но не се за занемарување и технолошката индустрија со 7 иновативни проекти, земјоделството и енергетиката со по пет проекти, здравството, текстилот и градежништвото со по четири проекти.
Највисока вредност на одделен одобрен проект изнесува 45.116.400 денари. Просечната плата за лицата што ќе бидат ангажирани на инвестициските проекти ќе изнесува 47.000 денари.

Како беа одбрани проектите кои ќе се кофинансираат?

Според правилата на Фондот за иновации, институција преку која се реализира оваа владина програма, доделувањето на средствата е на конкурентна основа, по механизам сличен на оној што е развиен во соработка со Светската банка и преку кој се делат грантови за иновативни проекти. Сепак, критериумите за проектите од третиот столб беа пошироко поставени за да може да се направи поголем опсег на компании.
Треба да се потенцира фактот дека квалитетот на предложените проекти, нивниот пазарен потенцијал и капацитет за реализација беа разгледувани и оценувани од страна на Комитетот за одобрување инвестиции во кој членуваат пет странски експерти со најмалку 10-годишно меѓународно искуство во област на инвестиции во иновациската дејност, како и претставници од сите стопански комори.

Не ги делиме компаниите по сопственичка структура. За нас сите се исти и ги применуваме истите критериуми кои се практикуваат на сите повици на ФИТР независно дали се средствата на Светска банка или од буџетот на Р. Македонија“, вели Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во повикот беа опфатени четири инструменти: поддршка на малите и средни компании со тенденција на брз пораст – „газели“, поддршка на микро претпријатија, поддршка на подобрување на иновативноста и поддршка за стручно усовршување и пракса на нововработение млади лица до 29 години.

Најголем интерес кај компаниите имаше за инструментот за подобрување на иновативноста, па 81% од одобрените проекти се во оваа мерка, каде сопствениот удел на компаниите е 30%, а на кофинансираниот грант од државата е 70%. Останатите 19% од одобрените проекти се наменети за проекти за технолошки развој на мали и средни претпријатија каде сопствениот удел на компаниите е 70% а кофинансираниот грант од државата изнесува 30% од вредноста на инвестицискиот проект.

„Со вложувањата во иновациите и технолошкиот развој ќе се обидеме и очекувам да успееме значително да го намалиме заостанувањето коешто економијата на Република Македонија го има во однос на Европската Унија. За таа цел Владата за првпат вложува буџетски средства во иновациите и технолошкиот развој. Оценувањето на доставените апликации се вршеше преку оценка на пет главни критериуми: технолошки напредок/степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на тимот кој го спроведува проектот, потенцијал кој го има претпријатито на пазарот и влијанието на компанијата. Најголема тежина во оценувањето има потенцијалот на пазарот, бидејќи крајната цел на инвестициските вложувања е преку повисока конкурентност, компаниите да остваруваат поголем приход и профит “, објаснува Деспотовски.

Компаниите кои сакаат да учествуваат на следните повици од програмата може да контактираат и со финансиските фасилитатори за изработка на проектна апликација.

Сподели!
- Advertisement -