Од пред четири години, кога цените на нафтата на светските пазари почнаа да одат надолу, Венецуела се соочува со драматичен пад на економијата. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, тврди дека кризата е последица на економската војна против неговата земја која ја водат внатрешните и надворешните непријатели.
Со падот на економските активности власта престана да објавува економски индикатори, па економистите се потпираат на независни проценки на меѓународните организации и банки. Според неодамнешните истражувања, кои ги објави Business Insider, Каракас стана најскап град за живот во светот. Моменталната економска ситуација во Венецуела е примарна причина зошто главниот град Каракас се најде на прво место на листата пред Цирих и Женева. Имено, венецуелската економија е оптоварена со страшна инфлација, па во март годинава беше забележан скок од 7.000%. Освен тоа, цените на стоките и понатаму растат поради негативните економски и политички трендови.