Јапонските канцелариски работници наскоро повеќе нема да можат да се опуштаат на работа затоа што нов технолошки систем ќе може да ги детектира „спијачите“ и да насочи кон нив ладен воздух. Производителот на клима-уредите Daikin и електронскиот гигант NEC с почнале да тестираат систем кој ги следи движењата на очите на вработените преку камери поставени на компјутерите.
Компјутерите автоматски ја намалуваат температурата во просторијата доколку детектираат дека некој дреме на бирото. „Се надеваме дека овој систем ќе почне да се продава во 2020 година“ изјавија од Daikin и додадоа дека почнале со тестирање во текот на јули.
Во системот се комбинира технологијата за автоматско подесување на температурата на Daikin и технологијата на NEC за препознавање на лице за да детектираат движења на очните капаци кои укажуваат на поспаност. Системот го развиле откако направиле истражување за тоа на кој начин компаниите можат да ги одржат разботниците будни.
Експертите експериментирале со спуштање на температурата за неколку степени, зголемување на интензитетот на светлина и прскање одредени мириси додека учесниците во тестирањето решавале едноставни математички задачи во период од еден час. Намалувањето на температурата дало најдобри резултати. Од Daikin се надеваат дека на крајот ќе развија клима уреди кои ќе можат да насочат ладен воздух на конкретниот поспан работник.