ЕУ го предупреди Twitter (X) – имаат најголема стапка на дезинформации

- Advertisement -

ЕУ издаде предупредување до Илон Маск да ги почитува новите закони за лажни вести и руската пропаганда, откако беше утврдено дека мрежата X, претходно позната како Twitter, има најмногу објави со дезинформации од сите големи платформи за социјални медиуми.

Извештајот ја анализирал стапката на дезинформации на социјалните мрежи пирум ЕУ, со милиони лажни профили кои ги отстранија од TikTok иi LinkedIn.

- Advertisement -

Facebook е на второ место по бројот на дезинформации, покажува првиот извештај за објави кои ќе се сметаат за незаконски во цела ЕУ според новиот Закон за дигитални услуги, кој стапи на сила минатиот месец.

И покрај тоа, Facebook и другите технолошки гиганти, вклучувајќи ги и Google, TikTok и Microsoft, потпишаа кодекс за пракса составен од ЕУ за да се осигура дека може навреме да се подготват за работа во границит на новиот закон. Twitter го напушти тој кодекс, но според новиот закон, должен е да се придржува до правилата или да се соочи со забрана во цела ЕУ.

- Advertisement -

Извештајот од 200 страници е приказ на работата која ја направиле овие платформи во првите шест месеци од гоиднава за да се подогтват за усогласување со новиот закон, а ги разјаснува и заткулисните обиди на Facebook и на другите да се борат против рускаат пропаганда, говорот на омраза и другите дезинформации.

Сопственикот на LinkedIn, Microsoft, стопирал создавање на 6,7 милиони лажи профили и отстранил 24.000 примери за лажни содржини. YouTube, во сопственост на Google, отстранил над 400 канали вклучени во коордимирани операции за влијание поврзани со Агенцијата за истражување на интернетот, која ја спонзорира руската држава. Tiktok отстранил речиси 6 милиони лажни профили и 410 непроверени огласи. Google отстранил огласување од речиси 300 страници поврзани со промотивни страници кои ги финансира државата и одбил над 40.000 политички огласувачи поради неуспешна проверка на идентитетот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -