Ова е „најзелениот“ весник во светот – откако ќе го прочитате можете да го посадите

- Advertisement -

Во Јапонија еден од најпознатите издавачи на дневни весници направи 100% одржлив весник. Доколку го посадите весникот, ќе процвета. Јапонија уште еднаш покажува колку е напредна. Овој последен изум се состои од рециклирана растителна хартија која можете да ја посадите откако ќе ја прочитате. Го нарекуваат „зелениот весник“, а го направи издавачката куќа Mainichi Shimbunsha.

Хартијата којашто може да се сади не е некоја новина и постои на пазарот веќе неколку години. Станува збор за мешавина од рециклирана хартија, вода и мали цветови или семиња. Може да се реупотреби на навистина креативен начин. Кога ќе прочитате што има напишано на неа, не ја фрлајте. Искинете ја на мали парчиња, посадете ја и наводнувајте ја неколку недели. Ќе се изненадите кога ќе видите дека сте одгледале растение или цвеќе, пишува Lifegate.

- Advertisement -

Идејата е на една од најголемите рекламни агенции во Јапонија, Dentsu Inc, која соработува со Mainichi. „Зелениот весник“ не е првата одржлива иницијатива на јапоснкиот дневен весник. Посветеноста на заштитата на животната средина ја докажаа со претходни кампањи за донирање вода на нации кои се соочуваат со суша. „Mainichi не делува само преку информации, туку и преку решавање на глобалните проблеми“ велат од весникот.

Сподели!
- Advertisement -