Планетата Земја се загреа за еден степен – времето се понестабилно!

- Advertisement -

Годинава речиси целата северна хемисфера има пеколно лето. Топлотниот бран се простира од Алжир до Арктикот. Високите температури се вообичаени за лето, но зачестеноста на топлотните бранови со години се зголемува, што е последица на климатските промени, веруваат експертите.

Се што се случува во изминатиот период е последица на затоплувањето на Земјата за еден степен во последните сто години, велат метеоролозите, пренесува N1 info. Ние денес живееме во период на забрзана транзиција во нов климатски режим на планетата и една од последиците е интензивирањето на топлотните системи. Речиси 4/5 од топлотните бранови воопшто немало да се појават доколку не се случело тоа загревање на планетата за еден степен.

- Advertisement -

Сите останати параметри со кои се мери здравјето на планетата исто така се променети. Имаме се поинтензивни врнежи, новото на океаните се зглемува поради топењето на мразот. За научниците ова не е изненадување, затоа што овие промени беа предвидени пред 20 години. Промените ќе продолжат да се појавуваат, дури и ако се достигне целта од Парискиот климатски договор за намалување на емисијата на јалегорд диоскди на 0% до 2050 година.

Најдрастичните промени и најинтензивните кои можеме да ги очекуваме ќе се случат во иднина. Луѓето, генерално, не сакаат да планираат долгорочно решавање на проблемите во наредните 20-30 години. Навикнати сме да ги решаваме проблемите кои сега се случуваат и тоа е една од причините зошто климатските промени не добиваат доволно внимание, велат експертите.

- Advertisement -

Доколку се остварат песимистичките прогнози, глобалната температура би можела да порасне за 4 до 5 степени, што за последица ќе има уште поекстремни временски услови.

Сподели!
- Advertisement -