Акционерите на компанијата Twenty-First Century Fox ја одобрија продажбата на отсекот за забава на компанијата Disneѕ за 71,3 милијарди долари. Со тоа во сопственост на Disney ќе појдат франшизите за X-Men и Avengers, пренесува Bizlife.
Со гласовите на акционерите се стави крај на сагата која почна во декември 2017 година, кога Disney ја даде првата понуда за дел од медискиот конгломерат на Руперт Мардок и започна лицитациска војна со Comcast, кој минатата недела се откажа за да се фокусира на продажбата на европскиот ТВ оператер Sky.
Според информациите, акционерите ја донеле одлуката за само 10 минути со 99% согласност. Првично Disney на Fox му понудил 54 милијарди долари, а Comcast поднесол поголема понуда пред да се повлече. Купувањето на Fox ќе му помогне на Disney да се натпреварува со компании како Amazon и Netflx.
Конечниот договор нема да биде склучен уште неколку месеци затоа што е потребна дозвола од регулаторните тела.