Новата продавница на Apple во Милано се наоѓа под земја, а над неа има драматична фонтана

- Advertisement -

Компанијата Foster + Partners ги откри фотографиите на најновата продавница на Apple во Милано. Продавницата е направена според концептот на Town Square и во согласност со традицијата на градот да се прават импресивни плоштади. Apple Piazza Liberty Store има јавен плоштад каде што локалните граѓани и посетителите можат да седнат и да уживаат во погледот на новата драматична фонтана. Продавницата се наоѓа под земја и е полна со живи дрвја, пишува Inhabitat.

Продавницата се наоѓа во близина на улицата „Виторио Емануеле“, која е една од најпознатите пешачки улици во градот, а фонтаната е направена од два правоаголни базени и вертикални водоскоци. Посетителите можат да ја гледаат фонтаната од широките камења на амфитеатарот кој води до влезот на продавницата.

- Advertisement -

„Ова е рекреирање на детските игри на трчање меѓу фонтани, а искуството се менува како што се менува осветлувањето од ден во ноќ, додека стаклениот кров прави еден ефект на калеидоскоп додека водата тече по ѕидовите”, објаснуваат архитектите од Foster + Partners.

Сподели!
- Advertisement -