Во Египет ќе се отвори најголемиот соларен парк во светот

- Advertisement -

Египет долго време користи фосилни горива. Речиси 90% од електрицичната енергија се добива од нафта и природен гас. Освен тоа, земјата дава и субвенции за фосилни горива, па токму затоа тие се поевтина опција за 96 милиони жители. Но, владата на Египет планира да го смени курсот и да се стави на мапата на земји со чиста енергија со тоа што ќе го отвори најголемиот соларен парк во светот.

Паркот се вика Benban complex и се гради во западниот дел од пустината на Египет, а отворањето е планирано за идната година. Соларната фарма ќе се наоѓа на околу 640 километри јужно од Каиро. Изградбата чини 2,8 милијарди долари, а со произведената соларна енергија ќе се револуционизираат енергетските потреби на нацијата.

- Advertisement -

Светската здравствена организација неодамна го прогласи Каиро за најзагаден град на Земјата. Владата на Египет како одговор на тоа сака да ја преполови потрошувачката на природен гас и до 2025 година да задоволува барем 42% од потребите на жителите со обновливи извори. Инвестициите во чиста енергија во Египет по најавата за изградба на паркот се зголемени за речиси 500%, пишува Inhabitat.

Неколку земји му помагаат на Египет во оваа иницијатива, вклучувајќи ги и САД, кои помагаат за обуката на стотици вработени во локални технички школи во Египет. Со 30-те соларни централи во Benban complex ќе управуваат 4.000 вработени и ќе се генерираат околу 1,8 гигават-часови енергија.

Сподели!
- Advertisement -