Се плашите да останете без мобилниот телефон? Проверете дали имате номофобија

- Advertisement -

Номофобијата претставува страв да не останеме без мобилниот телефон или без сигнал на нашиот уред. Ви звучи познато, нели?

Оваа фобија за првпат официјално се споменува пред една деценија, а бројот на луѓето кои денес се соочуваат со оваа модерна „болест“ е неверојатно зголемен!

Зборот номофобија е кратенка од „No mobile phone phobia“, односно страв од неможност за користење мобилен телефон. За разлика од порано кога стравот бил главно фокусиран на губење на телефонот, сега е проширен и на евентуално пропуштање повик или било каква порака и информација.

- Advertisement -

Ви пренесуваме осум знаци кои можат да укажуваат на номофобија кај одредена личност:

  1. Дали ми е тука мобилниот телефон? Премногу често проверувате во чантата или џебот дали е со вас мобилниот телефон;
  2. Панично стравувате од можноста да го изгубите или искршите мобилниот телефон;
  3. Вознемирени сте и не знаете што да правите со себе ако малку подолго сте без мобилниот телефон во раце;
  4. Мобилниот телефон ви е повеќе од аларм. Не можете да заспиете навечер доколку не поминете одредено време на мобилниот телефон;
  5. Нема дружење без мобилниот телефон. Дури и едно пиење кафе се содржи од честа проверка на телефонот, пребарување на поими и факти додека разговарате со соговорникот;
  6. Доколку телефонот е исклучен неколку часа поради потрошена батерија или друга причина, постојано имате чувство дека нешто важно пропуштате и не сте во тек со најновите случувања;
  7. Не посетувате места (кафулиња, ресторани и слично) кои не нудат бесплатен интернет;
  8. Претерано го чистите и негувате телефонот или вложувате премногу пари за галантерија и одржување.

ИТ компанијата КАБТЕЛ од почетокот на оваа година особено внимание посветува на онлајн безбедноста на децата. Оттаму истакнуваат дека одговорност на возрасните е да создадат и воспитаат нови генерации кои ќе научат како да бидат безбедни на интернет.

- Advertisement -

„Бидејќи заедничка цел на сите е да пораснеме нови генерации кои ќе знаат како правилно да ги користат своите паметни телефони и онлајн просторот, ја воспоставивме општествено одговорната компонента за заштита на децата на интернет“, информираат од Кабтел.

- Advertisement -

Од компанијата информираат дека еден од начините како да изградиме младина која одговорно ќе се однесува онлајн е уште од мали нозе да стекнат свест за времето коe треба да го поминуваат на интернет.

Токму еден од софтверите за родителска заштита кој нуди можност за ограничување на времето поминато на интернет е Kaspersky Safe Kids. На овој начин кај децата уште од најрана возраст ќе поттикнеме одговорност за дневно поминатото време на таблет и телефон, како и свест дека слободното време поминато онлајн е награда после завршените обврски (пишување на домашна, собирање на играчки, заедничко средување на домот итн.)

Овој софтвер е произведен од страна на Меѓународната лабораторија за интернет безбедност, Kaspersky и претставува мултиплатформа која им помага на родителите да создадат и пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Kaspersky Safe Kids, покрај за управување со времето поминато на уредот, им помага на родителите и да ги мониторираат информациите кои ги примаат и праќаат децата, им дава потврда за локација на кое се наоѓа детето, како и севкупна заштита од онлајн ризиците кои демнат врз најмалите. Овој софтвер помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст.

Kaspersky Safe Kids е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Во моментов е актуeлна промоција на Kaspersky Safe Kids, го добивате гратис доколку купите еден од производите  Kaspersky Anti Virus, Kaspersky Internet Security, Kaspersky Total Security – Multi-device, Kaspersky Internet Security for Android. Листата на локации на продажни места на Кабтел на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк: http://kabtel.mk/kaspersky_network.php.

 

Сподели!
- Advertisement -