Пет ретки знаци кои покажуваат дали сте роден лидер

- Advertisement -

Доколку го впишете на Google зборот лидерство, ќе ви излезат преку 300 милиони резултати. Без разлика дали ќе отворите некој линк каде ќе ви препорачаат книги за лидерство или видеа од мотивациски говори на лидери кои треба да ги погледнете, сите овие безбројни ресурси го поставуваат ова единствено прашање: Што е она што го дефинира лидерството? 

Оние што прочитале доста книги за лидерство, запознале одлични лидери, ги слушале, работеле со нив, знаат дека лидерството значи да им служите на останатите. Односно, лидерот да им служи на своите вработени и да ги става нивните потреби на исто ниво како потребите на клиентот.

Овој тип на лидерство кој го препознале извршните директори на најуспешните компании во светот, е лидерство кое се темели на емоции.

- Advertisement -

Доколку некој ви кажал дека овие принципи ги препознал во вашата личност, тоа значи дека ја поседувате формулата за да станете одличен лидер. Доколку никој до сега не ви го кажал ова, но сепак се стремите кон вакво лидерство, ова се карактеристиките кои треба да се трудите да ги изградите.

1. Одлично се поврзувате со луѓето

- Advertisement -

Силните лидери се поврзуваат со останатите со леснотија преку демонстрирање хуманост. Тие прифаќаат дека не се совршени и дека и тие грешат, а уште поважно признаваат кога погрешиле. Ако лидерот покажува автентичност, тогаш кога вработените грешат, полесно си ги признаваат грешките бидејќи знаат дека лидерот ќе ги разбере и заедно ќе го решат проблемот.

2. Вклучувате различни луѓе во тимот и правете да се чувствуваат безбедно

- Advertisement -

Не постојат самци во тим, а добриот лидер се труди да изгради разнолика околина од луѓе кои на различен начин си ги завршуваат задачите успешно. Добрите лидери воопшто не предизвикуваат страв кај вработените и дозволуваат преземање на ризици со што му дозволуваат на тимот да практикува креативност, отворено да ги комунира идеите и да споделува став кога се донесуваат важни одлуки. Ова се случува кога постои доверба во тимот наместо страв.

3. Демонстрирате сочувство

Дали ви доаѓа природно да сакате да помогнете некому со цел да им го олесните страдањето? Додека луѓето со емпатија имаат способност да разберат како другите се чувствуваат, оние кои демонстрираат сочувство се пообјективни. Тоа значи да знаете и вие да го почувствувате она што другите го чувствуваат со тоа што ќе се обидете да ја искористите вашата моќ за да го олесните тоа чувство. Ова се нарекува сочувствителен менаџмент и води кон високи перформанси на тимот, иновации, задоволство кај клиентите, профитабилност и лојални вработени.

4. Отворени сте и транспарентни

Ова значи дека кај тимот не се создава стрес кога сте присутни и дека тие се помотиварани да работат доколку вие постојано споделувате информации со нив за тоа како течат работните проекти. Истражувањата потврдиле дека организации кои споделуваат привилегирани информации со своите вработени, ја намалуваат несигурноста и го намалуваат стресот кој произлегува од незнаењето каде се движи фирмата. Еден пример е компанијата Buffer – фирма за оптимизација на социјалните медиуми, кои дури онлајн ја имаат поставено формулата според која ги одредуваат платите на вработените, дури и на извршниот директор.

 

5. Разбирате што ги мотивира луѓето

Можеби некој ви рекол дека сте човек кој знае како да ги поттикне луѓето да го дадат своето најдобро. Од каде доаѓа тоа? Позитивната психологија вели дека овие луѓе ги разбираат основните мотиви кои ги движат луѓето кои во суштина се позитивните емоции.

Најдобрите лидери имаат разбирање за човечкото однесување и за тоа што ги инспирира луѓето да ги работат своите задачи најдобро. Компаниите секогаш треба да ангажираат и да ги унапредуваат во лидерски позиции луѓето кои знаат да ги „прочитаат“ овие елементи на вработените.

Сподели!
- Advertisement -