Саудискиот фонд наместо Teslа ја презема Lucid Motors

- Advertisement -

Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија би требало да инвестира милијарда долари во компанијата за производство на електрични автомобили Lucid Motors, пренесува Ројтерс

Новиот инвестициски потфат на Саудиска Арабија го изненади бизнис светот затоа што минатат недела беше објавено дека овој фонд ќе ја поддржи докапитализацијата на Тесла, компанијата на Илон Маск за производство на електрични автомобили, чие повлекување од берза се проценуваше 80 милијарди долари.

Маск и самиот потврди дека инвестицијата на Саудијците би изнесувала околу 10-20 милијарди долари. Сепак, според пишувањето на Ројтерс, инвестицијата во ривалите на Тесла била попривлечна. Инвестиција од милијарда долари во растечкиот сегмент на електрични автомобили значи диверзификација на работењето, но и многу помала изложеност на саудискиот фонд кој има инвестиција од 45 милијарди долари и во технолошкиот фонд на јапонската милтинационална SoftBank.

Договорот се уште официјално не е потврден, но информациите се дека Саудијците би преземале мнозински удел во Lucid Motors. Првата инвестициска инјекција би изнесувала 500 милиони долари и би ја покрила првата фаза за производство на моделот Lucid Air, луксузен електричен седан со цена од 100.000 долари. Прототипот е претставен во 2016 година, а производството би почнало кон крајот на оваа година.
Не е извесно како оваа вест ќе влијае најавената поддршка на Тесла, но извесно е дека овој пресврт нема да му се допадне на Илон Маск кој се најде пред огромен притисок на приватни тужби и федерална истрага по обвинувањето дека е вклучен во потенцијална измама заради објавување на “твит“ дека ја повлекува Тесла од берзата и дека за тоа се обезбедени пари. 

Сподели!
- Advertisement -