Ерика Пирмец: Во Естонија никој не бара печат и немаше револуција за воведување на 5G!

- Advertisement -

Малата Естонија одржа големи лекции за иновации 

-Естонија  докажа дека е можно дигитално општество во целост

- Advertisement -

-Запознајте ја Естонија и првата дигитална нација на светот

Дали сакате уште наслови од светските медиуми, на тема Естонија?

- Advertisement -

Ок, тогаш Ве носам на Широк Сокак во Битола и сакам да ве запознаам со Ерика Пирмец. Tаа е советник за дигитална трансформација  во владата на оваа балтичка земја и викендов е гостинка на Преда Плус Фондацијата од Битола, која пак е организатор на Финтек стартап програмата за проектот Креирање на иновативен екосистем за поддршка на младите ИТ таленти која овој викенд се одржува во новоотворениот Финтек хаб на СН финансии во Битола. Проектот е поддржан од европските фондови за прекугранична соработка, а доаѓањето на Пирмец е поддржано од Swiss EP.

Естонија е земја која докажува дека дигитализацијата го подобрува квалитетот на животот на нејзините граѓани. 

- Advertisement -

Илјадници услуги, главно административни, Естонците ги вршат со неколку кликови од дома, а пак чекањето ред пред шалтерите е дел од некоја далечна историја. 

Кај нив и изборите се дигитализирани од далечната 2005.

Оваа балтичка земја со 1,3 милиони жители, во последните 25 години го замени својот постсоветски идентитет со оној на технолошки иновации и дигиталната демократија. Покрај многуте придобивки, дигитализацијата ѝ заштедува на земјата 2% од бруто домашниот производ 

во трошоци и плати, што е пропорционално на износот на пари што Естонија треба да ги потроши за одбранбениот сектор.

Естонците гордо ги истакнуваат овие податоци и низ смеа велат дека благодарение на иновативноста сега „безбедноста на земјата им е бесплатна“. 

Освен пари, жителите на оваа земја преку е-Estonia заштедуваат и време и нерви.

Новинарка Љубица Ангелкова 

фото | Ивона Кочов 

Дали можете да ни дадете преглед на некои клучни владини иницијативи кои Естонија ја позиционираа како водечка „дигитална држава„ во светот?

Се започна во 90-тите години на минатиот век, кога личности со визија и желби за вистински развој на една нордиска земја, посакаа слободата на луѓето да биде гарантирана, а нивниот квалитет на живот подигнат на висок стандард.

Со воведување на технологијата, односно со дигиталната трансформација, насоката беше да се направат промени во прилог на граѓаните, нешто сосем добро за нивната благосостојба, а не за политичко профитирање или техничко обременување на животот.

Тоа значи, дека Естонија стартуваше од создавање на јавни услуги кои би донеле подобра вредност на крајниот корисник на услугите, а тоа е граѓанинот, редизајнирајќи го корисничкото искуство низ наменски процеси. 

Истовремено, осмисливме и законодавна рамка која ќе ги штити правата на граѓаните, а притоа целосно да овозможува остварување и на слободите.

Понатаму, се насочивме кон целосна транспарентност, како што е на пример делот за јавни набавки кој можеше да се следи јавно, со што ја искоренивме секоја можност за корупција. Оттука јавните услуги станаа целосно визибилни, со јасен и целосно безбеден електронски идентитет кој го создаде владата, а Естонците го користат еве веќе цели 20 години. 

Можете ли накратко да објасните, како функционира естонското дигитално општество. Ми се допадна едно одлично прашање од публиката на панелот „И од Битола се може„ кое ви го постави еден од присутните гости, а гласеше вака: Како успеавте да „ја убиете„ административната влада со дигиталната реформа? И можеби тоа прашање е најпрецизно поставено.

Па, со лидерство и со силна визија. 

Да појаснам…естонското дигитално општество се темели на три главни столба: прво е електронскиот идентитет кој овозможува безбедна идентификација и пристап до сите ваши е-услуги и ви обезбедува сигурен дигитален потпис кој е правно обврзувачки како и мојот рачно напишан потпис.

Второ, тука е пристапот до различни податоци кои се администрираат на еден децентрализиран начин, оперативно со еден специфичен софтвер кој се вика X-Road. 

А третиот столб е интегритетот, кој вклучува заштита на приватноста, сајбер безбедност, транспарентност и етичка употреба на податоците.

Во Естонија, 99% од сите јавни услуги достапни се дигитално, а преки нашиот ID, можеме да имаме пристап и до многу приватни услуги. Тоа е еден здрав екосистем во кој граѓанинот може далечински да комуницира со својата влада и едноставно да користи широк спектар на услуги, од е-даноци, е-гласање, секако онлајн банкарство, понатаму е-нотарски услуги итн. Наведувам само мал дел тука.

Како ги подготвивте жителите на земјата за оваа промена?

Естонија својот пат до дигитализација го започна од образованието. Уште во 1996, го стартуваше Tiger Leap – образовниот програм, кој значеше воведување на компјутери и интернет конекција во секое училиште , при што ИКТ вештините се интегрирани во обуката на наставниот кадар и кај учениците уште од основно образование. Од таа 1996 година и од таа база натаму, нашиот образовен систем  е целосно подготвен да ги вклучи децата да бидат дигитално компетентни, со учење на вештини неопходни за примена на дигиталните услуги. И не само тоа, туку нивните компетенции да одговараат на потребите на модерниот пазар на труд. Од друга страна, стартуван е и Look@World тренинг за возрасни, кој им помага на сите оние кои сакаат да го унапредат своето знаење во сферата на ИКТ, но и да пружи помош на оние на кои им е потребно користење на е-услуги. 

Тоа беше континуирана стратегија со децении и трае и денес, на пример локално општините, државните службеници и библиотеките нудат разни курсеви како би ја задоволиле потребата за вештини во овој свет кој брзо се менува.

Но, иако постоеше силен фокус на граѓаните да им се обезбедат неопходни компетенции и да им се помогне да ги променат своите секојдневни навики од традиционални на дигитални, една значајна група на која треба се фокусираме беа самите државни службеници. Тие се првата линија на владата, заради што е неопходно да се поддржи секој вработен во јавната администрација во процесот на трансформација. На крајот на краиштата, промените се во луѓето, а не во технологијата.

Помошта на државните службеници во таа транзиција е клучот на успешната промена, така што е значајно да се вклучат во секоја форма, отворено да се разговара за проблемите и за очекувањата, да се помогне околу адаптацијата и примената на обуките. Ако вашите јавни службеници на првата линија веруваат дека промената е возможна и изводлива, таа ќе биде и извршена. 

Исто така, погрешна е претпоставката дека поголемиот број на државни службеници ќе останат без работа. Работните места на луѓето ќе бидат трансформирани. Но не и изгубени. Денес сме сведоци на клучни потреби за научници и аналитичари на податоци, за програмери, сопственици на продукти, ИТ менаџери итн. Сите овие работни места не постоеа пред 10-15 години. Дигиталните системи, вештачката интелигенција и автоматизацијата ќе ги елиминираат досадните работни задачи кои се повторуваат со мал фактор на додавање човечка вредност, но секогаш ќе постои потреба за компетиции како што се креативност, аналитички вештини, општествена свест и критичко носење на одлуки – се она што се уште не можеме да го делегираме за да го обават уреди со вештачка интелигенција. 

Како изгледа управувањето?

Областите на управување во Естонија имаат прилично голема независност во поглед на пружање на услуги во своите министерства, се додека базите на податоци меѓусебно се функционално поврзани и активностите кои се следат се со политчки консензус.

Во Естонија не постои министерство за дигитализација, наместо тоа, државниот службеник за информирање е администратор кој во сите министерства надгледува дали се почитува дигиталната агенда на Естонија. 

На крајот на краиштата, иако во сите јавни служби во секое министерство во многу се разликува концептот, во зависност од нивната функција, ние сме одлучни да понудиме соодветно и беспрекорно искуство на граѓаните без оглед на административната логика. 

Сите податоци за граѓаните се собираат дигитално во Естонија, а благодарејќи на скоро сите услуги кои веќе имаат дигитален формат, сега се фокусираме на воведување на посложени и лични проактивни услуги базирани на животни настани, така што владата веќе може проактивно да им пристапи и да им понуди на граѓаните релевантна помош, бенефиција или услуга која им е потребна. 

Што правите околу безбедноста?

Естонија е многу напредно дигитално општество, така што нашите безбедносни барања се на најстрого ниво. 

Бидејќи бевме на удар на првиот сајбер напад од поголеми размери во владата во 2007 година, рано ја разбравме важноста на сајбер безбедноста и отпорноста на иста. Заради тоа Естонија користи KSI blockchain технологија на владино ниво, кое ни го овозможува естонската комапнија Guardtime. 

Но, од друга страна, овој сајбер напад ни послужи како на суд, да докажеме дека нашето децентрализирано управување со податоци и инфраструктура како што погоре опишав дека е внатрешно операбилна, исклучително е тешко да се хакира, зошто не постои централен влез во дигиталната Естонија. 

Сепак, без оглед на тоа колку безбедна дигитална инфраструктура ќе изградите, најслабата карика и понатаму ќе биде крајниот корисник, односно човечката компонента. Тоа значи дека е клучно постојано да се подигнува свеста кај населението од сајбер ризици и да ги научите да одржуваат високо ниво на сајбер хигиена. 

Со оглед на успехот на естонските механизми на е-управување, што другите земји и сектори можат во тој поглед на научат?

Многу лекции и грешки има на тој пат, додека влегуваме во третата деценија на дигитална Естонија. 

Естонската дигитална држава не е производ на полица кој може да им помогне да се примени било каде на друго место во светот, но првиот совет кој би го дала за придвижување на дигиталната трансформација во другите земји е да се фокусирате на корисниците. Разберете што им треба на вашите корисници, па тогаш тоа и пружите им го. Дигиталната трансформација е првенствено човечка, а потоа е технолошка. И да не заборавиме, се започнува со лидерство и силна визија. 

Втората лекција која можеме да ја извлечеме од нашите искуства е дека едноставноста е клуч. 

И во законодавството, но и во службите. Естонија одлучи да ја намали бирократијата, со цел што повеќе да пушти јавниот сектор да се развива во услуги, а притоа комапниите да се поттикнат да прават иновации. 

Трето, гледаме дека споделените платформи се побрз пат до успехот. Ова е директен потез за креирање на дигитален скелет на општеството. Односно, примерот со X-Road е еден од фундаменталните фактори на успех, а тоа е соработката помеѓу јавните и приватните субјекти.

Кои се главните чекори за дигитализација на јавната администрација?

Клучните точки ги споменав. Но има и неколку важни дополнителни нешта. Да се подготви законодавството за поттикнување на иновации, но и заштита на правата на приватност. 

Да се вклучат сите државни службеници во процесот, а потоа да се комуницира со своите крајни корисници а тоа се граѓаните, да им се каже кои решенија ќе се имплементираат и многу јасно да им се претстави вредноста на тоа што ќе се добие. Односно, како мојот живот како корисник на дигитални услуги ќе се подобри и зошто треба да се мотивирам да ги променам своите навики. Сето тоа да се направи со дизајнирање на етички, транспарентни и безбедни решенија и услуги насочени кон потребите на граѓаните. 

Кои се некои од клучните области на вложување и кои лекции кои ги научивте беа клучни во имплементација на  дигиталните амбиции на Естонија?

Една од најголемите лекции кои Естонија мораше да ги научи на тој пат, беше како да се одржуваат или надградат старите системи. Додека внесувате инвестиции и иновации во развој на технолошката инфраструктура, немојте само да барате буџет за да добиете ново решение. Исто така побарајте буџет за долгорочно одржување. 

Уште едно место каде што мора да се внимава е сајбер безбедноста. Во тешки времиња се потребни вонредни мерки. Тоа значи кога и да постои потреба за дополнителни ресурси за нашите системи да бидат сигурни, тие мора да бидат приоритет. 

Естонија предничи и во поглед на државно-приватни партнерства кои се користат за унапредување на дигиталната трансформација. На пример, Естонија работеше и со Microsoft околу технологиите и „дигиталниот континуитет„. Можете ли да ни кажете за некои пречки и позитивни исходи со кои државата се соочи во цементирањето на овие партнерства? По ваше мислење, кои се лекциите кои се научени за другите актери на јавниот сектор и државата?

Соработката помеѓу јавните и приватните субјекти е еден од основните фактори на успех кој стои позади една напредна дигитална држава. 

Властите не можат сами да изградат се, а не е ни толку паметна. 

Вреди да се здружите со експерти кои поседуваат знаење за да донесат функционални решенија на високо ниво. 

Но, предуслов за оваа соработка беше и одлуката за процесите на набавки да бидат целосно транспарентни. Огромно мнозинство во јавниот сектор на Естонија го создаваат и го реализираат приватни компании, со огромна стручност на полето кое е интерес. Ова практично значеше и страшен развој на  ИКТ комапниите од Естонија да се рашират и преку границите, да го шират бизнисот нудејќи знаење кое го собрале благодарејќи на партнерството со владата и да добијат релевантни решенија на случаи кои покажаа  дека нивното решение функционира. 

Естонија стана и бренд. Други влади доаѓаат во Талин да дознаат нешто за вашите искуства. Како гледате на тоа?

e-Estonia брифинг центарот ќе прими преку 400 делегации, од кои повеќето физички ќе дојдат во Талин. Тоа јасно го покажува трендот на интерес и ја става Естонија меѓу лидерите во иновации во јавниот сектор. Не сме себични и не сме љубоморни да не го делиме нашето знаење старо скоро 30 години во изградба на едно дигитално општество. Она што можеме денес да го кажеме е дека тоа не е брендирање, тука е начин на живот. Некогаш ќе ме прашаат која е мојата омилена дигитална услуга, а нема да именувам ниту една поединечно, зошто сакам функционален беспрекорен екосистем во целина. 

Естонија од 2008, наваму има 29000 вработени во јавна администрација на 1.3 милиони жители. Македонија, за споредба има 150000 вработени лица на 1.8 милиони жители. 

Ако се сведе нашата администрација на 50000, ќе заштедиме најмалку половина милијарда евра.

Како управувате со трошоците при дигитализација во јавната администрација. Кои беа изворите на финансирање, фондови на ЕУ, државен буџети јавни-приватни партнерства?

Постојат главно два извори на финансирање за сите процеси на дигитализација. Првата половина доаѓа од државниот буџет и се доделува директно на сите министерства кои ги користат тие средства наменски за секојдневна работа и одржување на услуги на екосистемот. Другата половина доаѓа од структурните фондови на ЕУ и финансирање од Фондот на државата наменет за развој, набавка на технологија и реконструкција на старите системи. Се разбира, низ годините приватното инвестирање е вклучено во многу процеси. Како што е обезбедување на електронски идентитет кој делумно го финансираше една непрофитна организација која ја водат локалните банки и телеком компаниите. 

Исто така, јавно-приватно партнерство имаме со Look@World  кој работи на едукација и курсеви низ целата земја.

Што се однесува до прецепциите помеѓу граѓаните, во Македонија постојат одредени категории на граѓани кои главно не ги прифаќаат новите технологии. Како Естонија ги обучи и образуваше граѓаните да ги прифатат новите технологии?

Ова беше постепен процес на раст и созревање како земја, а квалитетот на животот на луѓето и економскиот раст на општеството овозможија и повеќе опции и нови барања.

Естонија не прави ништо револуционерно. Технологијата веќе постои, а корпоративниот свет е најмалку 10 години пред владата. Луѓето имаат се повеќе барања и едноставно како влада заклучивме дека треба на граѓаните да им понудиме иста варијанта на корисничко искуство како што имаат со Apple, Amazon, Instagram или Nike. Луѓето сакаат да бидат згрижени, да им се даде добар сервис, а сакаат и флексибилност и ефикасност. 

Естонија не ги тера своите граѓани да користат дигитални услуги, наместо тоа ние ги дизајниравме нашите услуги да бидат толку функционални, атрактивни и едноставни за да испорачаат вредност на граѓанинот да посака да биде корисник.

Кои се вашите препораки за една дражава како што е Македонија? Кои се нашите неопходни чекори?

Определете зошто сакате да се бавите со дигитализација. Што е крајната цел и за кого тоа го работите. Би се воздржала прво од лансирање на технологии и дигитални решенија, а би стартувала од лидерството. Дали им служиме на нашите граѓани така што тие заслужуваат и очекуваат, а ако не, како тоа да го подобриме? Почнете со поставување на силни вредности и потпрете се на дигитално ориентирано лидерство со долга визија. Доследноста е клучна-мора да почекате одлуките вистински да почнат да носат резултати. Но, за да очекувате резултати, мора да бидете доволно храбри и да започнете да првите промени на основа на етиката на вредности, а не на основа на политички одлуки.

Сподели!
- Advertisement -