Според годинашното истражување на Институтот за мерење на репутацијата на Forbеs, Reputation Institute, Токио е град со најдобра репутација во светот. Во истражувањето City RepTrak градовите во кои луѓето најмногу сакаат да живеат, најмногу сакаат да ги посетат и да работат се испитани 12.000 луѓе, а на листата со 56 градови на последно место е Москва.
Перцепцијата на ефикасна влада е она што го подига рејтингот на градовите, истакнуваат во истражувањето затоа што, како што велат, кога градските лидери се гледаат како корумпирани и без интегритет, јавното мислење ќе го казни градот.
Друга битна работа е безбедноста. Као што се наведува во студијата, повеќе не може да се прикажува само убавата страна од сликата, туку мора да се прикаже и сигурноста. „Можеби тоа е рај, но ако постои барем каков било сомнеж за постоење тероризам, големи се шансите дека градот нема да биде високо рангиран“ се вели во истражувањето.
На второ место на листата е Сиднеј, на трето е Копенхаген, на четврто е Виена, а на петто место е Стокхолм.