Истражете ги океаните и морињата со овој подводен скутер

- Advertisement -

Нуркањето во море или океан отвора еден цел свет под водата, но движењето под вода со помош само на рацете и нозете може навистина да ве истошти. Токму затоа ви треба еден Whiteshark Mix, подводен скутер кој ќе ви овозможи со леснотија да разгледувате кој се живее во вода.

За овој модерен гаџет имаше успешна кампања на IndieGoGo. Скутерот има два пропелери, па Whiteshark ви овозможува да се возите под вода со брзина од 5,3 километри на час во период од 30 минути, а максимално можете да нуркате до 40 метри под површината.

- Advertisement -

Доколку се испразни батеријата, има посебен пловак кој ќе ве врати на површината. Whiteshark има и опција да прикачите камера, па да ги снимате подводните чудесии. Компактниот дизајн овозможува лесно ракување и лесен транспорт на копно. Цената на еден Whiteshark е 649,99 долари.

Сподели!
- Advertisement -