Новиот телефон на LG ќе има дури 5 камери

- Advertisement -

Новиот миодел на паметен телефон на корејската компанија LG, V40, би требало да има вкупно пет камери, пренесуваат акериканските медиуми. V40, како и Huawei P20 Pro, треба да има три камери на задниот дел и две од предната страна, како што има и HTC U12 Plus.

Американските медиуми пренесуваат дека паметниот телефон на LG, за разлика од Huawei и HTC, може да има и опција за 3Д мапирање лице и дека станува збор за телефон со најголем број интегрирани камери.

- Advertisement -

LG V40 по својот изглед ќе потсетува на G7 ThinQ, а може да го има и процесорот Qualcomm Snapdragon 845, поддршка за Quad DAC и посебно копче за дигиталниот асистент Google Assistant, како и читач за отпечатоци од прсти на задната страна. Деталните информации за телефонот ќе бидат познати во текот на летото со оглед на тоа дека LG ќе го претстави новиот телефон наесен.

Сподели!
- Advertisement -