Tesla руши рекорди со продажба на Model 3

- Advertisement -

Американскиот производител во јуни на клиенти во САД испорачал нешто повеќе од 6.000 примероци од Model 3, а во јули достигна рекордни 14.250 возила

Напорите на луѓето од Tesla да го зголемат производството на најновиот модел дефинитивно даваат резултати. Во август се испорачани 17.800 примероци. Оваа бројка не е само најдобар месечен продажен резултат на Tesla во САД, туку, генерално, и најголем број на продадени електрични возила за еден месец во САД .

Гледано од почетокот на годината досега, од Model 3 оваа година се испорачани 55.882 примероци, што е најголема продажба на автомобил на електрична енергија во текот на една календарска година.

- Advertisement -

Досега најдобриот резултат го имаше Nissan, кој во 2014 година продал 30.200 единици од електричниот Leaf.

Она што е сигурно, Tesla Model 3 до крајот на годината сигурно ќе го подобри сопствениот рекорд, бидејќи остануваат уште четири месеци. Во август, покрај 17.800 примероци од Model 3, Tesla продала и 2.625 примероци од Модел S и 2.750 од кросоверот Model X.

Сподели!
- Advertisement -